SEARCH COMPANY
Filters
Search
 








БУЧЕН КОЗЈАК со нов дизајн за новото време

Една од најстарите млекарници во Македонија, позната по извонредниот квалитет и уникатниот вкус на своите производи, Бучен Козјак, за  уште повеќе да се доближи до купувачите, го редизајнираше корпоративниот  идентитет, како и поголем дел од производите: јогурт, свежо млеко, кисело млеко и сурутка. 

И покрај тоа што во основата на нашите вредности традицијата и фамилијарноста се одлучивме за овој радикален редизајн од повеќе причини:

-          Погполемо приближување кон купувачите.

-          Прифаќање на естетските преференции на помладите генерации.

-          Следење на светските трендовите во дизајнот на амбалажата на млечни производи.

-          Новите стандардите за дизајн во македонската млечна индустрија.

Чистиот, минималистички и строг дизајн се одлика на зрелоста и јасната визија на млекарницата. А, храбрата различност што производите на БУЧЕК КОЗЈАК ја носат на полиците со новиот дизајн на амбалажата, е одлика на врвниот квалитет и технологија на производство.

На целокупниот редизајн во БУЧЕН КОЗЈАК им претходеше модернизација и инвестиција во технологијата на производниот процес и контрола, со што производите ги доведовме  до највисок квалитет.

- Во процесот на редизајнирање влеговме одлучно, но и претпазливо, со намера да пренесеме јасна пораката дека сме подготвени за динамиката на сегашноста и идината. Ова не е само редизајнирање на амбалажата, туку нов концепт на размислување, кој е во согласност со технологијата и времето во кое делуваме, а со почит кон традицијата и вредностите, изјави Анита Спасовска, генерален директор на БУЧЕН КОЗЈАК.  

Leave your comment