SEARCH COMPANY
Filters
Search
 








15 Прашања за Александар Георгиевски, менаџер на ММ Трејд Заштита

Кој Ви е главниот мотив во менаџерската професија?

Подобар од самиот себе, подобар од конкуренцијата.

На работа сте осамен волк или капитен на тимот?

Капитен на тимот, не секогаш само јас имам добра идеја.

Кој лик е поблизок до идеалниот менаџер: на татко или на војсководец?

Во зависност од ситуацијата, некогаш татко, некогаш војсководец. 

Може ли по default да се каже дека сите менаџери се „ворхохолици“?

Да

Се чуствувате ли и Вие така?  

Да 

Зголемениот адреналин од работењето под dead line притисокот за Вас е слатко задоволство или фрустрација?

Ако зависи директно само од мене е слатко задоволство, но, сепак, зависи и од ситуација до ситуација

Дали мислите дека имате поизразени натпреварувачки амбиции и колку тие се пресудни за успешноста на бизнисот?

Секој ден е натпревар со самиот себе

Конкуренцијата – пријател или непријател?

Пријател нормално, но има една изрека... непријателот секогаш нека ти биде поблиску од пријателот.

Омилено бизнис мото или народна мудрост на која често се потпирате?

Утрото е помудро од вечерта.

Како „пливате“ кога не сте менаџер, односно колку е цврста границата меѓу бизнисот и Вашето семејство?

Семејството на прво место, секогаш како мотив и поддршка. 

Во атмосферата на кој ресторан се чувствувате свој?

Ако може да бирам, тоа е домашна атмосфера со блиски пријатели. 

Страствено или пасивно следите спорт? Кој?

Страствено (колективни)... фудбал, ракомет, кошарка.

Филм или театар?

Блага предност на театарот. 

Книга за на плажа?

Арчибалд Кронин - Цитаделата

Како менаџер со искуство, една Ваша порака до идните менаџери...

И патоа од 1000 милји почнува со првиот чекор. 

Leave your comment