Filters
Пребарување
ВАРДАРГРАДБА доо

ОСНОВНА ДЕЈНОСТ

Трговското друштво за производство, проектирање и инженеринг ВАРДАРГРАДБА се занимава со: 

- Изведба на градежни објекти (високоградба)
- Изведба на водовод и канализација
- Производство и дистрибуција на градежен бетон
- Производство на сепариран песок
- Производство на дробен песок
- Подготовка на арматури

СЕРТИФИКАТИ

ISO 9001 : 2015
ISO 14001 : 2015
Лиценца А за изведувач на градби од прва категорија
BS OHSAS 18001:2007

ВАРДАРГРАДБА доо

Подетално за компанијата

Подетално за компанијата

 
производство, проектирање и инженеринг

ВАРДАРГРАДБА

 

ДЕЈНОСТ

Основна дејност на компанијата ВАРДАРГРАДБА – ДОО - Скопје е изведба на хидро-градежни објекти и објекти од висока градба, како и производство и продажба на градежни производи (песок, бетон, арматура).

Компанијата е формирана во 1999 година од дипл.град.инг. Петар Трајковски и до сега има учествувано на многу проекти и изградено повеќе од 100 објекти насекаде низ Македонија, каде како инвеститори се јавувале Владата на РМ, преку нејзините ресорни министерства, општините и странски организации преку нивните донации (OBSE, EAR, UNDP).

Располагаме со соодветна градежна опрема и механизација и алати, како и со стручен кадар кој ни овозможува навремено, квалитетно и професионално да одговориме на нашите обврски. ВАРДАРГРАДБА од неговото основање, па до денес, постојано го зголемува бројот на вработените, соодветно на проширувањето и развојот.

СЕРТИФИКАТ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО КВАЛИТЕТ (QMS)

На 20. април, 2004 година компанијата ВАРДАРГРАДБА успешно го заврши процесот на имплементација и сертификација на Системот за управување со квалитет (Quality Menagment System (QMS)), а во согласност со барањата на ISO 9001:2000.

Сертификацијата е извршена од страна на неутралното тело за сертификација BSI (British Standards Institution - Британска Институција за Сертификација) од Лондон.

Овој сертификат претставува потврда на нашите бизнис активности, со висок квалитет на обезбедените услуги и производи, како и наша тенденција за постојано подобрување и примена на меѓународните бизнис стандарди. Системот за управување со квалитет (QMS) генерално има за цел да осигура дека обезбедените услуги ги задоволуваат очекувањата на инвеститорот.

Содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови и графичко-техничките решенија е казниво со закон.

Контакт информации

Адреса

Улица: Н.М. Трубарево, Ул.1 Бр.2А, 1000 Скопје
Град: Скопје
Држава: Македонија


Социјални медиуми

Лице за контакт




Мапа

Документи