Filters
Пребарување
ВИДЕО АЛАРМ

ОСНОВНА ДЕЈНОСТ

Компанијата ВИДЕО АЛАРМ се занимава со проектирање, набавка и изведба на VIDEO & AUDIO SECURITY SYSTEMS

- Контрола на пристап и евиденција на работно време
- Далечинска и автоматска контрола на врати и капии
- Алармни системи за детекција и дојава на провала
- Системи за детекција и дојава на пожар
- Домофонија и видеофонија
- Системи за видео надзор
- Системи за заштита на производи од кражба
- Хотелски системи за контрола на пристап
- Системи за ресторани и хотели

ФОТОВОЛТАИЧНИ СОЛАРНИ СИСТЕМИ

СЕРТИФИКАТИ

ISO 9001:2008
ISO 14001:2004
OHSAS - Систем за управивање со заштита на здравје и безбедност при работа

Подетално за компанијата

ВИДЕО АЛАРМ

Компанијата "ВИДЕО АЛАРМ", успешно делува и работи на полето на сигурносно-техничката заштита на објекти и отворени простори повеќе од 18 години, и е една од водечките компании во тој домен во Македонија. Како специјализирана компанија, чија основна и единствена дејност е проектирање, набавка и изведба на системи за ВИДЕО НАДЗОР - локален и далечински, ПП Системи, системи за КОНТРОЛА на ПРИСТАП и ЕВИДЕНЦИЈА на работно време, системи за ДЕТЕКЦИЈА и ДОЈАВА на провала и кражба и ВИДЕО-ДОМОФОНСКИ и системи за ИНТЕРФОНСКА КОМУНИКАЦИЈА, АВТОМАТСКИ БАРИЕРИ за возила и АВТОМАТИКА ЗА ВРАТИ, изведуваме и во состојба сме да понудиме комплетни решенија за истите.

video-alarm-clubeconomy

ПРОЕКТИРАЊЕ И ИЗВЕДБА НА СИСТЕМИТЕ

Во своето долгогодишно работење нашата компанија се одликува со професионална и брза изведба на дадените задачи и договорените работи. Сето тоа е овозможено од постојаната опременост на компанијата со потребните компоненти за системите - како постојан лагер на опремата за системите што ги нуди и располагањето на компанијата со стручен кадар од 8 вработени лица, од кои 7 лица се технички оспособени и се директно вклучени во проектирањето и изведбата на системите.

video-alarm-clubeconomy

ДОЛГОГОДИШНО ИСКУСТВО

Исто така, "ВИДЕО АЛАРМ" располага со сервисни простории опремени со најсовремена опрема и инструменти, а на располагање се и две екипи подготвени за интервенција по повик. Стручноста на екипите се гледа и во нашето долгогодишно искуство и работење со системи за видео надзор, системи за контрола и евиденција на пристап и системи за противпровална заштита. Исто така, како застапници на призводителите CCTV SONY Japan , IDTECK Korea, CROW Israel, VIDEO DOMAIN Israel, CAME Italy, ELKRON Italy, BEYOND Taiwan, располагаме со резервни делови, модули и уреди за брза и навремена интервенција, за што е гаранција легерот што постојано го имаме за нив, заедно со целокупната оригинална сервисна документација што ја имаме за наведената опрема.

video-alarm-clubeconomy
Содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови и графичко-техничките решенија е казниво со закон.

Контакт информации

Адреса

Улица: Ул. Народен Фронт бр. 13/5, 1000 Скопје
Град: Скопје
Држава: Macedonia


Социјални медиуми

Лице за контакт




Мапа

Документи