ПРЕБАРАЈ ФИРМА
Filters
Пребарување
 








Да им помогнеме на Treebanks да засадат 10.000 дрвја

Да им помогнеме на Treebanks да засадат 10.000 дрвја

Treebanks во рамки на својата хуманитарна и општествено одговорна работа ќе засадат 10 000 дрвја од видот дуглазија и даб. Со цел да ги исполнат плановите за 2020 година Treebanks ќе засадат дрвце за секој што ќе се регистрира на нивниот е-билтен. Дрвјата ќе бидат засадени на повеќе локации во Македонија до средината на месец декември во зависност од временските услови и природната вегетативна хибернација на садниците. 

Treebanks до сега, во 2019 имаат засадено 1700 дрвја, на четири локации во Македонија (Водно – Скопје, Охрид, Езеро Младост – Велес и Радовиш). На крајот од месец октомври 2020 година ја ко-организираа акцијата Trees of friendship (Дрво на пријателството) преку која засадија 60 дрвја од видот платан во Општина Аеродром. Treebanks средствата за садење на дрвја ги обезбедува преку филијални партнерства. Едноставно, вие го резервирате вашето патување, а Treebanks садат дрво за без пари.

 

Зачленете се на следниов линк.

 
Eurolink