Filters
Пребарување
ЈАДРО ИНЖЕНЕРИНГ

ОСНОВНА ДЕЈНОСТ

ЈАДРО ИНЖЕНЕРИНГ е градежна компанија чија примарна дејност е изработка на бетонски подни решенија, како што се: печатен бетон, зрнест под, микро-цемент и ацидни подови како техники за подна обработка, применливи за партернии и ентериерни решенија при репарација на стари и обработка на нови подни површини.

Покрај системите за подна обработка, компанијата изведува решенија за надворешна и внатрешна декорација на подови, ѕидови и мебел, користејки ја иновативната технологија на микроцементите.

ЈАДРО ИНЖЕНЕРИНГ е официјален дистрибутер на XYPEX системите и производи за хидроизолација.

ЈАДРО ИНЖЕНЕРИНГ

Подетално за компанијата

Подетално за компанијата

  • ПЕЧАТЕН БЕТОН

    jadro-inzenering-clubeconomy

    Печатениот бетон е модифицирана мешавина која се користи како систем за изработка на завршен бетонски под. Системот го сочинува свеж бетон од маркат МБ 30 Мпа со дебелина од 6, 8 или 10 сантиметри, армиран во долна зона со мрежа и додавање на влакна кои го сопираат пукањето на бетонската површина. Тој се користи за уредување на внатрешноста на објекти или за надворешни уредувања на партери. Можат да бидат изработени и/или имитирани различни површини: камен, цигла, кожа, калдрма, дрво и дрвени штици, но со трајност на бетон кој се оформува преку употреба на специјални печати со чија примена се постигнува релјефен изглед. Печатениот бетон не избледува и дава заврпна, цврста површина која е отпорна на вода и мраз. Тој е лесен за чистење и одржување, а под него може да се инсталира и приклучи подно греење.

  • МИКРОЦЕМЕНТ

    jadro-inzenering-clubeconomy

    Микроцементна преслека или микро-топинг е иновативен систем дизајниран за преслекување на бетонски подови, подови од керамички плочки како и реставрација на истите.

    Системот е произведен со технологија која создава супериорна атхезија со високо ниво на абразија и јакости на свиткување, својства кои се недостижни за другите цементно базирани премази. Производот е дизајниран за примена во дебелина од 0.5мм до 3мм и може да се нанаесе врз бетон, дрво, челик, плочки, гранит и мермер. Тој е UV стабилен и може да се користи за површини со висока фреквенција, како за внатрешни така и за надворешни површини.

  • ЗРНЕСТ БЕТОН

    jadro-inzenering-clubeconomy

    Зрнестиот бетон е систем кој ја елиминира потребата од било какви дополнителни прекривки на бетонските површини. Системот се изведува со лиење, постигнувајки униформен изглед, а во својата основа употребува бетонска подлога и гранулирани мешавини со широк спектар на можности за варијација во структура и боја.

    Постапката го трансофмира обичниот бетон во декоративен бетон со изразена структура. По третманот бетонот ја задржува својата проектирана јакост. Површината е не-лизгачка.

 
ЈАДРО ИНЖЕНЕРИНГ Е ОФИЦИЈАЛЕН ДИСТРИБУТЕР ЗА ПРОИЗВОДИТЕ НА XYPEX ВО МАКЕДОНИЈА

XYPEX

 

Повеќе од четириесет години, Xypex системот за водоотпорност преку кристализација е употребуван кај голем број бетонски конструкции низ светот, при различни климатски и локални услови.

Технологијата за кристализација на Xypex e развиена благодарение на темеленото познавање на хемискиот и физичкиот состав на бетонот. Бетонот е порозен. Неговите капилари налик тунели се природен дел од неговата маса и овозможуваат поминување на вода и други течности.

Истражувачите во Xypex ја открија можноста за хемиско третирање кое би ги пополнило овие капилари и кое би спречило навлегување на вода и други течности од било која насока. Преку дифузија, реактивните хемикалии во Xypex производите ја користат водата како средство за движење и навлегуваат и циркулираат низ капиларите на бетонот. Овој процес предизвикува хемиска реакција помеѓу Xypex, влагата и нус-производите при хидратација на цементот и формираат нова нерастворлива кристална структура. Оваа интегрална структура ги затвора капиларите и го прави бетонот водонепропустлив.

Технологијата за кристализација на Xypex и понатаму останува да биде основата на оваа линија која прерасна во еден интегриран систем на премази за бетон, производи за суво мешање и посипување на свежи бетонски плочи, адитиви за однапред подготвен бетон и различни материјали за поправка на бетон. За архитектите, инженерите и изведувачите, оваа разноврсност на палетата Xypex производи е докажано средство во процесот на креирање вредност и нуди флексибилност при градењето.

Xypex во Македонија е затапуван од страна на Јадро Инженеринг од 2014 година и до сега ја има применето оваа технологија на повеќе од 20 објекти.

НАШИТЕ ПРОИЗВОДИ→

Содржините, графичките и техничките решенија изработени од тимот на Club Economy се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови и графичко-техничките решенија е казниво со закон.

Контакт информации

Адреса

Улица: Ул. Митрополит Теодосиј Голаганов
бр. 28, Палата Кузман, 5-ти спрат,
1000 Скопје - Канцеларија
Град: Скопје
Држава: Македонија


Социјални медиуми

Лице за контакт




Мапа

Документи

Влијание на ладното време - Xypex

Влијание на ладното време - Xypex

Преземи