Подетално за компанијата
РОЛОПЛАСТ
Компанијата РОЛОПЛАСТ со своите две фабрики во Скопје и Неготино и мешовити фирми во Албанија и Бугарија произведува големи количини PVC гранулат со врвен квалитет за потреби на реномирани производители од Македонија и странство.
Изработува секакви видови PVC профили за ролетни, ламперии во разни модели и сите придружни делови за нивна монтажа.

PVC ВРАТИ И ПРОЗОРЦИ
Од 2006 година РОЛОПЛАСТ почна со производство на петкоморни профили за изработка на PVC врати и прозорци, а овој сегмент од активностите на компанијата следната година е надополнет со производство на шесткоморни PVC профили за врати и прозорци со врвен квалитет.


ТЕХНОЛОГИЈА
Своите почетоци РОЛОПЛАСТ ги бележи уште во далечната 1971 година, како занаетчиска работилница за монтажа на пластични ролетни и од тогаш бележи континуиран инвентивен развој со постојано следење на потребите на пазарот, но и на развојот на новите технологии. Ваквата определба и овозможи на компанијата да биде што е можно поблиску до интересот и желбите на купувачите и да биде во перманентна корелација со пазарните пулсирања. Денес РОЛОПЛАСТ 60 проценти од производството го пласира во извоз, ги има воведено сертификатите ИСО 9001 и ИСО 14000, а покрај двете современи фабрики, располага и со два сопствени модерни продажни салони.
ГОДИШНИ КАПАЦИТЕТИ
• изработка на полуфабрикати PVC гранулати од 5.000 тони
• изработка на ламперии од 648.000 м2
• изработка на ролетни и придружен прибор од 144.000 м2

Контакт информации
Адреса
Улица: Ул. 32 бр 11, Населба Илинден,
до Хотел Белви, Скопје
Ул. Индустриска бб, 1440 Неготино
Град: Скопје
Држава: Macedonia
Телефони
+389 (0)43/360 258 - Во Неготино
+389 (0)2/2522 395 - Факс, Скопјe
+389 (0)43/361 560 - Факс, Неготино
Мапа
Документи
