SEARCH COMPANY
Filters
Search
 








„Со Жито во Италија“ – нова летна наградна игра на Жито Маркети

„Со Жито во Италија“ – нова летна наградна игра на Жито Маркети

Жито Маркети започнува голема летна наградна игра со патувања во Италија, скутери и други вредни награди

Италијанскиот дух, летната атмосфера и возбудата од наградите пристигнуваат во Жито Маркети. Со новата наградна игра „Со Жито во Италија“, потрошувачите ќе имаат можност преку секојдневното пазарување да освојат патувања во Италија, скутери, апарати за домаќинство и Жито ваучери.

Главната награда на кампањата се патувањата во Италија – инспирирани од автентичниот италијански начин на живот, гастрономија и летна енергија, додека целата наградна игра визуелно и комуникациски е поставена во препознатлив италијански стил.

Механизмот за учество е едноставен. Со секои потрошени 500 денари на една сметка, купувачите добиваат 1 поен, а дополнителни поени ќе се добиваат и со купување производи и брендови означени како дел од наградната игра.

Во текот на кампањата ќе има и специјални периоди кога секој освоен поен ќе се дуплира, овозможувајќи уште поголеми шанси за учество и освојување награди.

Со секои освоени 15 поени, на каса потрошувачите добиваат купон кој ќе го оставаат во специјално означените кутии за извлекување и нивното учество во наградната игра е официјално.

Наградната игра ќе се реализира во три фази.

Првото извлекување ќе се одржи на 6 јуни, кога ќе бидат доделени 2 патувања во Италија, 5 скутери, 10 апарати и 20 Жито ваучери. Второто извлекување, на 27 јуни и носи идентичен фонд на награди.

Главното извлекување ќе се одржи на 18 јули, во рамки на специјален настан, кога ќе бидат доделени 6 патувања во Италија, 20 скутери, 10 апарати и 60 Жито ваучери.

Од Жито Маркети велат дека „Со Жито во Италија“ е креирана како летна наградна приказна што ќе внесе дополнителна енергија, забава и емоција во секојдневното пазарување, претворајќи го во можност за незаборавно италијанско доживување.

Наградната игра ќе се реализира во сите Жито Маркети низ државата, а повеќе информации за правилата и производите кои учествуваат може да прочитате на
zito.com.mk/nagradnaigra.