SEARCH COMPANY
Filters
Search
 








15 Прашања за Мимоза Тачи, менаџер на I am WATER SCARDICA

Кој Ви е главниот мотив во менаџерската професија?

Главен мотив ми е барем малку да придонесам да има поубав живот за сите што живеат во мојата земја. Сакам да го слушам тивкиот глас на своето срце, да бидам човек од доверба, да бидам добра, да имам интегритет и почит кон сите и да дадам што повеќе љубов на луѓето со кои работам и живеам.

На работа сте осамен волк или капитен на тимот?

Тимот со кој работам е дел од нашата успешна приказна од самиот почеток на компанијата. Со тие луѓе се чувствувам како дома. Во сите времиња, добри или лоши, ние сме заедно и заедно одиме кон нашата цел, дека е можно и на добар начин да ја завршиш работа.

Кој лик е поблизок до идеалниот менаџер: на татко или на војсководец?

Идеален менаџер е тој што се грижи за своите луѓе, тој што ги слуша нивните маки и е со нив во секој чекор.

Може ли по default да се каже дека сите менаџери се „ворхохолици“?

Многумина мислат дека за да имаш успех треба да бидеш воркохолик, да работиш многу заради што не можеш да уживаш во животот. Но, треба и да се прашаме дали тие што работат многу уживаат во тоа што прават. Знам дека сите успешни луѓе уживаат многу кога ги остваруваат своите цели. Тоа е нивниот живот. 

Се чуствувате ли и Вие така?  

Јас ја сакам мојата работа, уживам во неа. Мојата работа е мојот живот. Се додека секој ден работим го зголемувам богатството на мојот ум и дух. Ова богатство е поважно од било кое материално богатство, бидејќи тоа ми го обезбедува внатрешниот мир и преку него ја разбирам вистината за животот.

Зголемениот адреналин од работењето под dead line притисокот за Вас е слатко задоволство или фрустрација?

Слатко задоволство секогаш. 

Дали мислите дека имате поизразени натпреварувачки амбиции и колку тие се пресудни за успешноста на бизнисот?

 Натпреварувањето не е мојата цел. Моја цел е сите да бидеме добри, затоа што успехот нема да биде вистински ако му земеме на некој друг. 

Конкуренцијата – пријател или непријател?

Конкуренцијата ја ценам многу. Без конкуренција не може да имаме порив постојано да создаваме убави нешта за нашите ценети клиенти. Кога го најдемвме изворот на I am Water Scardica и направивме анализи бевме свесни дека тоа е извор од природата кој е идеален, со многу ниски минерали и бактеоролошки чист. Разбравме дека ова вода е добра за нашето семејство и одлучивме да инвестиаме во овој бизнис. Се додека се грижиме за природниот тек на животот ние ќе успееме, во моментот кога ќе бидеме против тоа сигурно ќе доживееме пораз.

Омилено бизнис мото или народна мудрост на која често се потпирате?

Ако Господ е со мене кој може да биде против.

Како „пливате“ кога не сте менаџер, односно колку е цврста границата меѓу бизнисот и Вашето семејство?

Се додека се сакам себе безусловно, за да сакам други ќе биде лесно. Ние не можеме да даваме нешто што не го поседуваме.

Во атмосферата на кој ресторан се чувствувате свој?

Во сите ресторани, се додека сум во мир со себеси.

Страствено или пасивно следите спорт? Кој?

Не следам спорт.

Филм или театар?

Филм, само ако има мотив и инспирација за да излезе најдоброто од мене.

Книга за на плажа?

Киндле, таму ги имам моите омилени книги и во зависност од мојот внатрешен глад таа книга ја читам. Мои омилени автори се Кевин Трудеау и Наполеон Хил. 

Како менаџер со искуство, една Ваша порака до идните менаџери...

Никогаш не ќе можете да го давате тоа што го немате. Се што е надвор од вас е во внатрешните води на вашето потекло. Секој човек, секоја ситуациа што се појавува во вашиот живот е огледало на вашата душа. Доколу е добро вие сте чиста душа, доколку не е добро треба да работите со себе, да се грижите за себеси, да сакате секој дел од вашиот живот и тело безусловно. И многу љубов за себеси, за да можете да ја делите со други.

Leave your comment