Filters
Пребарување
ЖИТО дооел

ОСНОВНА ДЕЈНОСТ

Друштвото за производство трговија и услуги ЖИТО извоз – увоз ДООЕЛ се занимава со продажба на мало на стоки за широка потрошувачка

Ланец од 60 маркети во 20 општини во Македонија

Сопствен бренд 5 ка

Од сега, сè е полесно!

zito-marketi-clubeconomy

Жито маркети се на чекор поблиску до вас...

Пазарувајте брзо и безбедно, со навремена и сигурна достава до вашиот дом

Посетете го bigshop.mk и уживајте во искуството на завршување на секојдневните набавки за дома со еден едноставен клик...

Подетално за компанијата

zito-marketi-clubeconomy

Од отворањето на првата продавница во Велес, во далечната 1988 година, па се до денес, компанијата ЖИТО успеа да изгради ланец од 60 супермаркети распространети во 20 општини во земјава: Велес, Скопје, Прилеп, Битола, Струмица, Кочани, Виница, Росоман, Градско, Чашка, Делчево, Демир Капија, Валандово, Тетово, Куманово, Неготино, Гостивар, Облешево, Кичево, Македонска Каменица. Со нашите повеќе од 850 вработени претставуваме препознатлив бренд во својата област, а многубројните признанија (најдобар трговски објект за 2010 и 2017година, Superbrands 2015/2016, International Best Brand 2015) ни даваат поттик да продолжиме да работиме и да ги направиме ЖИТО маркети подостапени за сите.

Започнувајќи и продолжувајќи и денес како семеен бизнис успехот го постигнавме преку специфичниот начин на работа, секогаш фокусирајќи се на потрошувачот. Во ниту еден момент не отстапуваме од основните постулати врз кои се потпира нашиот концепт за работа: ниски цени, љубезност и квалитет. Особено сме креативни во конципирањето на супер акциите, со супер избор на производи, по супер цени.

zito-marketi-clubeconomy
zito-marketi-clubeconomy

Еден од чекорите по кој се издвојуваме е и развој на сопствениот бренд „5-ка”, што е многу значајно во работата на малопродажните ланеци, како за проширување на понудата, пред се, со пониски цени, така и за јакнење на довербата кај потрошувачите. Во оваа насока е и КЛУБОТ НА ВЕРНИ КУПУВАЧИ преку кој на потрошувачите им овозможуваме да добијат и заштедат повеќе, нудејќи им секој месец повеќе од 200 производи по пониски цени.

ИСТОРИЈА

Приказната на ЖИТО започнува во далечната 1988 година кога семејството Ѓошевски скромно и домаќински го отвори својот прв маалски дуќан за трговија на мало во Велес. Од тогаш со знаење и упорност, со верба во себе и јасна визија, семејството предводено од г-дин Јованче Ѓошевски продолжи да отвора и други трговски објекти во Велес, а во 1998 година ЖИТО го отвори првиот маркет во Скопје. Вистинската експанзија на брендот се случи во 2014 и 2015 година, кога се отворени повеќе од 20 супермаркети ширум Македонија.

zito-marketi-clubeconomy

бренд 5ка

Вложивме многу труд, знаење и енергија, внимателно и одбрано селектиравме продукти и состојки за да го направиме приватниот бренд. Мораше се да биде за 5ка.Така и ја создадовме нашата гордост 5ка!

За вас ги користевме најдобрите суровини, создадовме уникатни производи со препознатлив квалитет и неодолив вкус. Побарајте ги во секој Жито маркет производите на нашиот бренд 5ка, со потврден квалитет, по оригинални рецептури, за вас избрани од најдобрите македонски мајстори и произведувачи."

zito-marketi-clubeconomy
zito-marketi-clubeconomy

Fruit Land

Добро снабден пазар не признава сезона. Ова особено важи за пиљарите на „Жито Маркети“ кои ги обезбедува домашната компанија „Fruit Land“..

Секогаш одлично снабдени, со врвен квалитет, најмногу од домашно производство, пиљарите на „Fruit Land“ се позната дестинација за набавка на овошје и зеленчук. Во моментов ваква понуда има во маркетите во Велес, Скопје, Росоман и Градско, скоро ќе се носи во Битола и Охрид, а потоа и во „Жито Маркетите“ во Тетово, Гостивар и Кичево.Од „Fruit Land“ најавуваат збогатување на понудата наскоро и со свежа домашна јагода. Нивната амбиција е препознатливост на маркетите токму по свежото овошје и зеленчук.

Содржините, графичките и техничките решенија изработени од тимот на Club Economy се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови и графичко-техничките решенија е казниво со закон.

Контакт информации

Адреса

Улица: Ул. Благој Ѓорев бр. 166, 1400 Велес
Град: Велес
Држава: Македонија


Социјални медиуми

Лице за контакт

Сара Митковска
Елена Т. Трипчева


Мапа