Filters
Пребарување
ТРИО 95 доо

ОСНОВНА ДЕЈНОСТ

Компанијата ТРИО 95 се занимава со производство на тестенини:

- Готови пици, тесто за пици
- Лиснати погачици
- Пирошки
- Лиснато тесто 
- Кори за пита и баклава

СЕРТИФИКАТИ

HACCP / ISO 22000:2007

Подетално за компанијата

ТРИО 95

Компанијата ТРИО 95 доо Прилеп почна со работи во 1995 година и денес има 45 вработени. На почетокот започнавме како обична пицерија која работеше во трафика. По извесен период од трафиката се преместивме во неколку поголеми објекти и како пицерија успешно работевме до пред пет години.

Види повеќе
trio95-clubeconomy

ПРОИЗВОДСТВО

Паралелно со синџирот пицерии почнавме бизнис и со производство на пакувани готови пици, потоа производство на тесто за пици, пирошки, лиснато тесто, кори за пита и баклава во замрзната состојба. Потрошувачите веднаш го почуствуваа квалитетот на нашите производи, брзо го освоивме пазарот и денес оваа смрзната програма ја дистрибуираме со сопствени возила до сите поголеми маркети и супермаркети ширум Македонија.

trio95-clubeconomy

КВАЛИТЕТ

Во моментов ТРИО 95 доо располага со сопствен објект, со површина од 1000 м2 и сопствен возен парк. Нашите производи се произведени од внимателно селектирани состојки со висок квалитет, во строги хигиенски услови и со современа опрема и технологија која ги задоволува и најстрогите барања на HACCP и ISO 22000:2005 системите за контрола на квалитетот.

trio95-clubeconomy
ВКУС ЗА ВАШАТА ТРПЕЗА

Контакт информации

Адреса

Улица: Ул. Браќа Миладиновци бр.1-3, 7500 Прилеп
Град: Прилеп
Држава: Македонија


Социјални медиуми

Лице за контакт

Зоран Томески


Мапа

Документи