Filters
Пребарување
Т&М доо

ОСНОВНА ДЕЈНОСТ

Компанијата Т&М се занимава со изведување електроинсталатерски работи:

- Проектирање, надзор и монтажа на електроенергетска опрема
- Изведување објекти од низок и среден напон

КАТАЛОГ

СЕРТИФИКАТИ

ISO 9001:2008
ISO 14001:2004
ISO/IEC 17020

Лиценца А за изведувач на градби од прва категорија
Лиценца А за надзор на изградба на градби од прва категорија
Лиценца Ц за изведувач на градби од трета категорија

Подетално за компанијата

ТМ ДОО Штип

ДПУТ ТМ ДОО Штип е основана во 2003 година. Основната дејност на претпријатието е изведба, надзор и монтажа на електроенергетска опрема и објекти од низок и среден напон. Претпријатието има хала за монтажа на производите, работилница за одржување, магацински простор и одделение за контрола (испитна станица), со вкупни 700м2. Во компанијата работат 25 вработени, од кои 6 се дипломирани електро инжинери, а 19 се електромонтери, електроинсталатери, управувачи на машини, магационери итн...

tm-clubeconomy
tm-clubeconomy

ИЗРАБОТКА

Во изминатите години Т&М се специјализира за изработка на идејни решенија, проекти, изведба и монтажа на:

  • • Електрични инсталации на станбени, деловни и индустриски објекти, на трафостаници, на 10 и 35 kV далекуводи, НН мрежи и на разводни постројки.

  • • Испитување на исправноста на електрични инсталации, громобрански инсталации, осветленост на работни површини и заштитно заземјување, диалектрична пробојност на трансформаторско масло.

  • • Лоцирање на траси и дефекти на НН и ВН кабли и нивно санирање.

  • • Напонско испитување на кабли.

  • • Одржување и изведба на улично осветлување.

  • • Филтрирање на трансформаторско масло.

НАЈНОВИ ТЕХНОЛОГИИ

Т&М е флексибилна компанија која ги следи барањата на клиентите, применувајќи ги најновите технолошки достигнувања, техничката регулатива и стандарди. Располага со:

  • • Лиценца А за изведување на градби од прва категорија - Лиценца Ц за изведба на градби од трета категорија

  • • Лиценца А за надзор на изградба на градби од прва категорија.

Производите на Т&М постојано се контролираат од специјално организирана единица која работи во рамките на Т&М, која има соодветна опрема, простор и обучен кадар за тестирање и контрола, во согласност со прописите, националните и меѓународните стандарди и барањата на ISO/IEC 17020 стандардот.

tm-clubeconomy
tm-clubeconomy

СЕРТИФИКАТИ

Во 2012 година Т&М доби сертификати од TUV - Австрија за воведен систем за управување со квалитетот според стандардот ISO 9001:2008, како и сертификат за воведен систем за управување со квалитетот според стандардот ISO 14001:2004. ТМ има, планирани развојни проекти, поточно е во фаза на имплементација на системот за управување со енергија, согласно со мегународниот стандард "ISO 50001:2011" , како и стандардот за управување со Безбедност и Здравје "OHSAS 18001:2007"

Основната цел е сите овие стандарди да се интегрираат во еден управувачки систем " Integrated Managment System" (ISO 9001:2008; 14001:2004; 50001:2011 и OHSAS 18001:2007)

Контакт информации

Адреса

Улица: Ул. Брегалничка бр. 54, 2000 Штип
Град: Штип
Држава: Македонија


Социјални медиуми

Лице за контакт

Коле Тасев


Мапа