Filters
Пребарување
ТЕХНОИНЖИНЕРИНГ

ОСНОВНА ДЕЈНОСТ

Компанијата ТЕХНОИНЖИНЕРИНГ се занимава со производство на:

- Транспортни тркала со вулканизирана гума
- Транспортни колички за угостителство, прехранбена, хемиска, фармацевтска и други индустрии
- Изработка на челични и иноксни производи
- Браварски услуги, заварување

СЕРТИФИКАТИ

ISO 9001:2015
OHSAS 18001

ТЕХНОИНЖИНЕРИНГ

Подетално за компанијата

Подетално за компанијата

ТЕХНОИНЖИНЕРИНГ

ТЕХНОИНЖИНЕРИНГ дооел Штип е мало претпријатие основано 1991 година, со главни активности во метало-преработувачката дејност. Во почетокот со основањето главната производствена активност ни е производство на транспортни тркала од пресувана гума, фиксни и стабилни тркала за индустриска и комерцијална примена.

Со развојот на компанијата, ја проширивме производната програма останувајќи во металопреработувачката дејност, но со многу поголема палета на производи и услуги. Денес располагаме со сопствен производствен простор од 400 м² и на пазарот сме етаблирана компанија за производство на транспортни колички, производи од INOX, транспортни тркала и транспортни ролни.

tehnoinzinering-clubeconomy

ТРАНСПОРТНИ КОЛИЧКИ

• Угостителски колички за транспорт на храна во вертикална изведба, со носивост од 100 и 50 чинии

• Индустриски транспортни колички со пумпани и со вулканизирани гуми

• Транспортни колички за транспорт по скали

• Колички за транспорт на буриња, две изведби, за пластични и метални буриња

• Колички за транспорт на боци со пропан бутан гас

• Колички за транспорт на индустриски боци со гас, со волумен од 5L, 10L и 40L, со две и три тркала.

tehnoinzinering-clubeconomy
tehnoinzinering-clubeconomy

ПРОИЗВОДИ ОД INOX

Различни видови колички и иноксни елементи за: прехранбена, хемиска, фармацевтска индустрија. Изработка на иноксни производи по нарачка, достапни и заштитени само за нарачателот.

ТРАНСПОРТНИ ТРКАЛА И ТРАНСПОРТНИ РОЛНИ

• Транспортни тркала од вулканизирана гума, стабилни и вртливи во седум различни димензии, процес без леење на гума, со голема и средна носивост.

• Транспортни ролни за гумени лентасти транспортери: метални, со навој, странични, метални гумирани и амортизациони

tehnoinzinering-clubeconomy
tehnoinzinering-clubeconomy

УСЛУГИ

ТЕХНОИНЖИНЕРИНГ дава услуги за најразлични видови заварување, поправки, ремонтирање, демонтажа и монтажа на челични и иноксни делови.

Содржините, графичките и техничките решенија изработени од тимот на Club Economy се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови и графичко-техничките решенија е казниво со закон.

Контакт информации

Адреса

Улица: Индустриска зона Македонка бр. 49А, 2000 Штип
Град: Штип
Држава: Македонија


Социјални медиуми

Лице за контакт

Александар Петковски