Filters
Пребарување
ТЕХНО АРТ дооел

ОСНОВНА ДЕЈНОСТ

Компанијата ТЕХНО АРТ се занимава со:

Производство на метални конструкции и делови од конструкции
- Полици
- Опрема за дуќани
- Полици за цвеќе
- Жичани елементи
- Рекламни елементи
- Опрема за домаќинство

ЗАИНТЕРЕСИРАНИ СМЕ ЗА СОРАБОТКА СО:

Фирми на кои им се потребни производи од метална галантерија, опрема за дуќани, маркети, болници...

ТЕХНО АРТ дооел

Подетално за компанијата

Подетално за компанијата

ТЕХНО АРТ

Компанијата ТЕХНО АРТ дооел Скопје ги бележи своите почетоци во 1989 година, како претпријатие со три вработени, од кои еден главен архитект и двајца врвни мајстори. Главната дејност на почетокот ни беше изработка на жичани елементи. Со зголемување на капацитетот на работа, како на домашниот, така и на странскиот пазар, се зголеми и потребата за отворање на нови работни места.

Денес ТЕХНО АРТ е познато име во опремувањето на најразлични продавници, бутици, маркети… со рачно изработени метални полици, метални рафтови, гондоли, полици за цвеќе, елементи од жица и други видови метални елементи, во разни димензии и бои, по желба на инвеститорот.

tehno-art-clubeconomy
tehno-art-clubeconomy

КВАЛИТЕТ

Производите што ви ги нудиме се со висок квалитет, изработени од квалитетни материјали, заштитени со електро-статско пластифицирање кое обезбедува долготрајна заштита на материјалот.

ТЕХНО АРТ сите овие години е максимално посветен да ги задоволува потребите на купувачите, испорачувајќи им висококвалитетни производи, секогаш со стриктно почитување на роковите, со следење на техничко-технолошките иновации, како и со коректна политиката на цени.

СОРАБОТКА

Долгогодишното наше присуство на пазарот се должи на високо квалитетната изработка на производите, како и добрата соработка што ја имаме воспоставено со: Тутунски комбинат АД Скопје, Wrigley’s, BIC, Алкалоид, Зегин, Тобако, Рио-Кафе и многу други познати компании во Македонија. Исто така, производите на ТЕХНО АРТ ги пласираме и во: Србија, Албанија, Косово и Црна Гора.

Доколку ви се потребни повеќе информации ве молиме јавете се на еден од нашите контакт телефони, испратете e-mail или едноставно, посетете не!

tehno-art-clubeconomy
Содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови и графичко-техничките решенија е казниво со закон.

Контакт информации

Адреса

Улица: Ул. Петар Чајковски бр. 7А, 1060 Скопје
Град: Скопје
Држава: Македонија


Социјални медиуми

Лице за контакт

Андреја Момировски


Мапа