Filters
Пребарување
СЛОГА-ИМПОРТ дооел

ОСНОВНА ДЕЈНОСТ

Компанијата СЛОГА-ИМПОРТ се занимава со увоз и продажба на големо и мало на:

- Градежни материјали
- Керамиди, цигли, блокови
- Изолации, градежни лепила, премази за демит фасади
- Мермерни и гранитни плочи
- Алати и мали градежни машини
- Генератори, мала и голема моќност

СЛОГА-ИМПОРТ дооел

Подетално за компанијата

Подетално за компанијата

СЛОГА-ИМПОРТ

СЛОГА-ИМПОРТ дооел е динамчна компанија, свртена кон купувачите, фокусирана на малопродажба и големопродажна на градежни материјали и опрема, алати, мали градежни машини, генератори... Во нашата палета се опфатени производи од водечките европски и македонски производители на градежни материјали и опрема.

Sloga-Import-clubeconomy

КВАЛИТЕТ

Сите овие години сме посветени да работиме со максимален квалитет, на задоволство на купувачите и добавувачите. Тоа ни помага да оствариме континуирано проширување на продажниот асортиман и зголемување на бројот на партнерите кои ни веруваат. СЛОГА-ИМПОРТ се наоѓа во село Копаница, Општина Сарај. Нашиот стручен тим, кој има долгогодишно искуство, во секој момент е подготвен да ви помогне да го одберете она што ви е потребно, со најдобар сооднос квалитет/цена.

Sloga-Import-clubeconomy

ПОНУДА

Во понудата на СЛОГА-ИМПОРТ е опфатена целата програма на градежни материјали, од цемент, сите видови цигли, керамиди, градежни адитиви, градежно железо, изолациони материјали, градежни лепила и премази за демит фасади... Располагаме со мермерни и гранитни плочи со врвен квалитет идеални за ентериерно и екстериерно вградување.

Sloga-Import-clubeconomy

ГРАДЕЖНИ МАШИНИ И АЛАТИ

Посебен сегмент во понудата се малите градежни машини и алати, од кои ги издвојуваме: машините за набивање на подлогата, машините за виткање на арматурата, за сечење на бехатон плочките, за сечење на мермер и гранит... Располагаме и со широка палета на генератори, со мал, среден и голем капацитет, од италијанско, јапонско и турско производство.

Sloga-Import-clubeconomy

Повелете, посетете не и уверете се во богатиот избор, високиот квалитет и ниските цени.

Содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови и графичко-техничките решенија е казниво со закон.

Контакт информации

Адреса

Улица: Село Копаница, Сарај, 1000 Скопје
Град: Скопје
Држава: Македонија


Социјални медиуми

Лице за контакт




Мапа