Подетално за компанијата
ПЛАНТ МЕДИКА
Службата за дезинфекција, дезинсекција и дератизација ПЛАНТ МЕДИКА е формирана во 2009 година. Работи со издадени решенија за работа од страна на:
-
Министретство за Здравство на Р. Македонија, со бр. УП1 11-4, од 03.05.2016 година, издадено Решение за вршење на дејноста ДЕЗИНФЕКЦИЈА, ДЕЗИНСЕКЦИЈА и ДЕРАТИЗАЦИЈА;
-
Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, издадено Решение за давање на јавни услуги од областа на здравјето на растенијата, бр. 25-12/30, од 21.03 2016 година.

ВРАБОТЕНИ
Во службата се вработени:
-
Специјалист епидемиолог
-
Стручно лице со DoD of USA Pest Management Certification Course сертификат
-
Два медицински лаборанти
-
Пет техничари - дезинфектори
Сите вработени се обучени за извршување на дејноста на службата.

ДЕЗИНФЕКЦИЈА, ДЕЗИНСЕКЦИЈА и ДЕРАТИЗАЦИЈА
Службата за ДЕЗИНФЕКЦИЈА, ДЕЗИНСЕКЦИЈА и ДЕРАТИЗАЦИЈА ПЛАНТ МЕДИКА располага со современа опрема и простор за извршување на дејноста. Нашата работа се заснова врз доставување ПЛАН и ПРОГРАМА за правилна и навремена заштита од микроорганизми, инсекти и глодари, со имплементирање на Интегрирана контрола на штетници. Планот и програмата ги опфаќа нашите препораки и забелешки во однос на:
-
Правилен пристап кон извршување на ДДД
-
Хигиено-техничките услови во и околу објектот
-
Бројот и динамиката на потребни хигиено-технички и рутински контроли
-
Едукација и хигиено-техничка обука на вработените по однос на имплементација на Програмата за контрола на штетници, како и други сугестии.

Службата располага со опрема и кадар за заловување на бездомни животни, како и преземање на превентивни мерки и заловување на влекачи (змии). Нашава компанија врши третмани на фумигација, со цел да се спроведе дезинсекција и дератизација во заштита на растенијата, растителни производи и други објекти и предмети на отворен и затворен простор.
Контакт информации
Адреса
Улица: Ул. Миле Кипра бр. 40, 1300 Куманово
Град: Куманово
Држава: Македонија