Filters
Пребарување
МЕТАЛПЛУС дооел

ОСНОВНА ДЕЈНОСТ

Компанијата МЕТАЛПЛУС се занимава со трговија на метални производи и услуги во металската дејност

- Профили
- Цевки
- Поцинкуван, црн, бродски и пластифициран лим
- Инокс лимови
- Алуминиумски лимови
- Ковани елементи, бигувана и штанцувана мрежа, плетена жица
- Изработка и монтажа на олуци
- Ребрување на лим
- Лексан плочи во повеќе бои

МЕТАЛПЛУС центар за црна металургија! 

МЕТАЛПЛУС дооел

Подетално за компанијата

Подетално за компанијата

МЕТАЛПЛУС

Компанијата МЕТАЛПЛУС е семејна фирма која успешно работи во трговијата со метални производи и давање услуги во металската дејност. Нашиот погон и продажен комплекс е сместен во селото Ново Добрејци, на стариот пат кон селото Василево. Од самиот почеток компанијата е организирана како трговец со производи од црната металургија, на големо и мало, а со текот на годините постојано го збогатувавме асортиманот и започнавме со производство на олуци по дадени димензии и нарачка, со изработка на огради и со ребрување на пластифицирани и непластифицирани лимови. Заедно со континуираното проширување на асортиманот ги подобруваме и условите за продажба, со што расте задоволството кај клиентите, како и нивната доверба кон нас.

Image Description
Image Description

КВАЛИТЕТ

Денес на нашето складиште има стотици тони стоки, а имаме воспоставено соработка со најзначајните производители и трговци со производи од црната и обоената металургија на Балканот. Оваа наша определба е најдобра гаранција за квалитетот што им го нудиме на нашите купувачи.

ПРОИЗВОДИ

Од големата палета производи што ги нудиме на пазарот би ги издвоиле:

  • Профили

  • Цевки

  • Поцинкуван, црн, бродски и пластифициран лим

  • Инокс лимови

  • Алуминиумски лимови

  • Ковани елементи, бигувана и штанцувана мрежа, плетена жица

  • Изработка и монтажа на олуци

  • Ребрување на лим

  • Лексан плочи во повеќе бои

Image Description
Image Description

УСЛУГИ

За сите производи што ќе ги купите во нашето складиште обезбедуваме бесплатен превоз, а олуците ги изработуваме по принципот клуч на рака, односно со сите потребни елементи и делови, заедно со монтажа на целиот систем.

Содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови и графичко-техничките решенија е казниво со закон.

Контакт информации

Адреса

Улица: Село Ново Добрејци бб,
2400 Струмица
Град: Струмица
Држава: Македонија


Социјални медиуми

Лице за контакт




Мапа