Електрозаварени цевки →ПРОИЗВОДИ
Подетално за компанијата
ВИСОКОКВАЛИТЕТНИ МЕТАЛНИ ПРОИЗВОДИ И ИНДУСТРИСКИ РЕШЕНИЈА
Основната дејност на компанијата МЕТАЛОПРОМЕТ дооел Струмица е производство на заварени цевки и профили. Повеќе од 100 различни димензии се дел од нашата производствена програма. Компанијата располага со пет производствени линии со капацитет од 300 тони, по смена. Производството се изведува со висококвалитетни суровини, модерна и автоматизирана опрема и во согласност со сите меѓународни стандарди. Повеќе од 95 проценти од вкупното производство е наменето за извоз.


Над 50 години искуство
МЕТАЛОПРОМЕТ е присутен на пазарот од 1972 година, градејќи долгорочни партнерства со повеќе од 3.000 клиенти. Компанијата е специјализирана за производство на електрозаварени конструкциски цевки, правоаголни и квадратни шупливи профили, ладно обликувани U-профили, електрозаварени мрежи и статички носачи, како и за трговија со нафта и нафтени деривати.
МЕТАЛОПРОМЕТ дооел – Струмица е основана во 1972 година од г-дин Мите Шапковски. Од самиот почеток, основната дејност на компанијата е обработка на лим, со користење на машини за сечење и технолошка линија за пресување и виткање на лим. Преку имплементација на нови инвестициски планови и континуиран развој, компанијата денес зазема значајна позиција во секторот на црна металургија и поседува ISO 9001:2015 сертификат за квалитет.


Трговија со нафта и нафтени деривати
Компанијата се занимава и со трговија и дистрибуција на нафта и нафтени деривати, со присуство преку сопствена мрежа на бензиски станици.
Металопромет има три бензиски пумпи, лоцирани во Струмица, Куклиш и Турново, преку кои на потрошувачите им обезбедуваме квалитетни горива и достапност на повеќе локации.
Контакт информации
Адреса
Улица: Село Куклиш 715, 2400 Струмица
Град: Струмица
Држава: Македонија
Социјални медиуми
Лице за контакт





