Filters
Пребарување
МАКПРОГРЕС доо

ОСНОВНА ДЕЈНОСТ

Производство на кондиторски производи
Oбработка и доработка на земјоделски зрнести култури
Трговија на мало со стоки за широка потрошувачка - осум супермаркети во Виница
Брендови на компанијата: VincinniArmonia, Сончева долина, NaturaFantasia и Donia

СЕРТИФИКАТИ

ISO 9001:2008

HACCP

HALAL

Подетално за компанијата

 
големото семејство

МАКПРОГРЕС

 

Макпрогрес доо е успешна интернационална компанија, лоцирана во источниот дел на Македонија. Од мал семеен бизнис основан во 1990 година, Макпрогрес прерасна во еден од водечките производители на кондиторски производи во Југоисточна Европа извоз во повеќе од 55 земји во светот.

Макпрогрес е една од најголемите прехранбени компании на Балканот со над 750 вработени. Примарната дејност на компанијата е производство на кондиторски производи како и преработка, обработка и доработка на земјоделски зрнести култури. Од неодамна компанијата влезе и во сегментот на здрава храна. Дел од дејностите со кои се занимава се и малопродажба, угостителство и производство на амбалажа. Целосното производство е во согласност со HACCP, HALAL и со ISO9001: 2008 QMS стандардите. Сите суровини и финални производи редовно се контролираат во овластени лаборатории за контрола на квалитет.

Со континуирани инвестиции компанијата детерминирано го проширува својот производствен капацитет со цел секојдневно задоволување на потребите на потрошувачите. Производите се меѓународно познати како високо квалитетни со цени достапни за секого. Макпрогрес е индустриска групација со силна општествена одговорност. Со цел придонесување кон одржливоста на општествениот развој, компанијата има активна соработка со локалната заедница, вработените и општеството во целина за овозможување на што поквалитетен живот за сите.

Контакт информации

Адреса

Улица: Ул. Илинденска бб, 2310 Виница
Град: Виница
Држава: Македонија


Телефони

+389 (0)33/362 289

Социјални медиуми

Лице за контакт

Маја Цветанова


Мапа

Документи

Винчини Понуда за новогодишни пакетчиња 2019

Винчини Понуда за новогодишни пакетчиња 2019

Преземи