
Подетално за компанијата
РАСАДНИК ЛЕВИДИА
РАСАДНИКОТ ЛЕВИДИА почна со работа во декември 2012 година, како директна турска инвестиција во македонското земјоделие. Се занимаваме со производство на овошен саден материјал за: јаболка, круши, сливи, лешник, бадем, праска, кајсија, калемен орев, но располагаме и со садници од лимон, мандарина, калинка, портокал, маслинка и многу други овошни видови.

ДЕЛОВНО ТЕХНИЧКА СОРАБОТКА
Склучивме деловно-техничка соработка со реномирани расадници од Бурса, Бандрма, Измир со цел да ја примениме технологијата на производство која е усвоена во Турција и отворивме можности за производство на нови овошни сорти кои се добро познати на европскиот пазар.


САДЕН МАТЕРИЈАЛ
Покрај новите сорти, воведовме и производство на саден материјал на ин-витро подлоги кои се обезвирусени и сертифицирани со цел да се овозможи модернизација на македонското овоштарство и доближување до стандардите на ЕУ.
ПОВРШИНА
РАСАДНИКОТ ЛЕВИДИА располага со површина од 21 хектар во Зелениково (Скопски регион), покрај реката Вардар, наменета за производство на саден материјал. Ова ни овозможува постојано да го прошируваме асортиманот на овошни дрвца, но и да го збогатиме со производство на зимзелени дрва, украсни дрва и сите видови на бобинки.


ГАРДЕН ЦЕНТАР
РАСАДНИКОТ ЛЕВИДИА располага и со најголемиот гарден центар во Македонија, кој е лоциран на Качанички пат (патот за Косово), на површина од 5.000 метри квадратни, во кој може да најдете секаков вид саден материјал.
Ве очекуваме да не посетите.
Контакт информации
Адреса
Улица: Ул. 1, бр. 1, Пакошево, Зелениково,
1000 Скопје - Производство и одгледување на саден материјал
Ул. 20, бр. 32б Визбегово, Скопје – Продажно место и седиште
Град: Скопје
Држава: Македонија