
Подетално за компанијата
ЛЕДЕР
Претпријатие за производство и трговија ЛЕДЕР Дооел - е основано 1989 година со седиште во Кочани, кое од тогаш па до денес перманентно расте и се развива. Денес претставува групација од повеке фирми и со различни дејности. Но секоја од нив има иста визија, постојано усовршување во чекор со технологијата и ширење на странскиот пазар.

ПРОИЗВОДСТВО
Произведува над 100 модели на столици и над 30 модели на маси за ресторани, хотели, кафе барови, летни тараси, трепезарии и др. наменети за внатрешен и надворешен пазар. Во делот на конфекцијата концентрирани сме на производи од текстил. Наша специјалност се женски блузи претежно трикотажа, а по желба на клиентот изработуваме панталони, сукни итн.

ТЕХНОЛОГИЈА
Конфекцијата е опремена со современи машини и опрема, како и соодветен стручен кадар за оперативно менаџирање на сите работни процеси, кое ни овозможува да одговориме на барањата на нашите клиенти. Целокупното производство е наменето за странскиот Пазар и тоа како класичен извоз и лон-производство, но секогаш сме спремни и да одговориме на побарувачката и за домашен пазар.

ЛЕДЕР располага со производство на широк асортиман на маси и столови, кои се одликува со висок квалитет и дизајн за сечиј вкус.
Контакт информации
Адреса
Улица: Ул. Теодосија Паунов 109, 2300 Кочани
Град: Кочани
Држава: Македонија