Filters
Пребарување
КОП КОМПАНИ

ОСНОВНА ДЕЈНОСТ

Сервисниот центар КОП КОМПАНИ има богато долгогодишно искуство во сервисирањето на возила.
Центарот е опремен со најсовремена технологија на уреди и инструменти, кои овозможуваат брза и успешна дијагноза на дефектот на возилото

СЕРТИФИКАТИ

ISO 9001:2008

ISO 14001:2004

Подетално за компанијата

КОП КОМПАНИ

Сервисниот центар КОП КОМПАНИ е основан во1991 година од страна на Александар Коп. Претставува една од првите фирми кои можат да се пофалат со богато, долгогодишно искуство во бизнисот со сервисирање на возилата. Својата успешна работа ја заокружува со отворање на сервисен центар, кој што содржи административен дел, магацин и сервисен простор опремен со најсовремена технологија на уреди и инструменти, кои овозможуваат брза и успешна дијагноза за дефектот на возилото.

Во одделението за сервис и оддржување, еднаш годишно се изведуваат обуки, на кои вработените се остручуваат и запознаваат со сите светски новитети од областа на автомобилската индустрија.

Компанијата може да се пофали со импресивна референтна листа.

Види повеќе
kop-kompani-clubeconomy
kop-kompani-clubeconomy

ТЕХНИЧКА ОПРЕМЕНОСТ НА СЕРВИСОТ

Сопствена инфраструктура со работен затворен простор од 450 м2, со 6 авто дигалки, сопствен паркинг простор од 700 м2, обезбеден со 24 часовен видео надзор со аларм. Современ канцелариски простор за административен персонал за оперативна обработка на документација и прием на возила, магацински простор за резервни делови.

Автомеханичарскиот дел од сервисот е опремен со дијагностичка опрема за електронска дијагностика на возилата од програмата на AUDI, SEAT, VW, Skoda и тоа со:

  • V.A.G.1551
  • V.A.S.-KOM
  • V.A.S.5051
  • BEAR 100
  • V.A.S.5052 A

Од програмата на возила DEFENDER, Rover 75, Rover 200, користиме дијагностичка опрема NANOCOM. Располагаме и со дијагностичка опрема за повеќе различни типови возила - BOSCH KTS 540.

Сервисот е опремен со уреди за извлекување на издувни гасови, со специјален алат за автомеханичарски работи, основен механичарски и авто-електричарски алат. Имаме ремонтно одделение опремено со комплетна апаратура за работење, апарат за вакуум и полнење на клима, воздушен компресор мрежно поставен во целиот сервис, апарат за стартување и полнење на акумулатори и шест електрични авто дигалки.

Види повеќе

СЕРВИС

Сервис за монтажа, демонтажа и балансирање на гуми, со затворен простор од 80 м2, кој располага со следнава опрема:

  • • Балансерка SICAM SMB 160

  • • Демонтерка автоматска CORMACH FORT

  • • Механичка пегла за лепење на гуми

  • • Машина за обработка на фелни

  • • Хидраулична дигалка крокодилка

  • • Пневматска дигалка на перниче

  • • Компресор ABAC

  • • Комплетен рачен алат и друга придружна опрема

See more
kop-kompani-clubeconomy

Автолимарскиот дел од сервисот е опремен со специјален алат за сложени каросериски поправки и повеќе сетови на основен алат. Има посебен дел каде што се изведуваат автолимарските поправки, како и другите подготовки на возилата кои потоа се испраќање во автолакерскиот дел.

Контакт информации

Адреса

Улица: Ул. Јужноморавски бригади бб,
1000 Скопје
Град: Скопје
Држава: Македонија


Социјални медиуми

Лице за контакт




Мапа

Документи