Filters
Пребарување
ИКО-ТРУСТ дооел

ОСНОВНА ДЕЈНОСТ

Компанијата ИКО-ТРУСТ се занимава со продажба на

- Ладилници за вода
- Кондензатори за клима уреди
- Евапоратори
- Ладилници за парно
- Интеркулери
- Вентилатори и саќиња за ладилници за сите типови возила, камиони, автобуси, градежни машини, комбајни, трактори...

ИКО-ТРУСТ дооел

Подетално за компанијата

Подетално за компанијата

ИКО-ТРУСТ

Фирмата ИКО-ТРУСТ е основана во 1996 година како трговско претпријатие за увоз-извоз на резервни делови за автомобили, камиони, автобуси... На почетокот работевме само со резервни делови за камиони и автобуси, а потоа се специјализиравме во продажба и сервисирање на ладилници за вода за сите типови возила: патнички, товарни и градежни машини, што е наш ангажман и денес. На почеток фирмата имаше еден вработен и една продавница, а денес ИКО-ТРУСТ има три вработени, една продавница и два магацина, остваруваќи годишен обрт од околу 300.000 евра.

Види повеќе
iko-trust-clubeconomy

ПРОИЗВОДИ

Продавницата и магацините на ИКО-ТРУСТ се наоѓаат во скопската населба Кисела вода и тие се единствени специјализирани за ваков вид производи во Македонија. Во фирмата во секое време на лагер има по околу 2.000 парчиња за сите модели ладилници за вода, кондензатори за клими, евапоратори, ладилници за парно, интеркулери, вентилатори и саќиња за ладилници за камиони, автобуси, градежни машини, трактори... Во асортиманот на фирмата се опфатени производи од сите позначајни светски производители на ладилници, како што се: VALEO, NISSENS, NRF, AKG..., кои одговараат за сите значајни производители на автомобили, камиони, автобуси, машини, како што се: Volksvagen, Opel, Audi, Renault, Peugeot, Citroen, BMW, Mercedes, Ford, Honda, Kia, Jeep, Chrysler, Skoda, Nisan, Mazda, Volvo, Toyota, Fiat, Daevoo, Hyundai, Seat, Suzuki, Mitsubishi, Iveco, Man, Scania, Daf, Sanos, Tam, Setra, Neoplan…

iko-trust-clubeconomy

ЛАДИЛНИЦИ ЗА ВОДА

ИКО-ТРУСТ, покрај тоа што нуди нови комплетни ладилници за вода, врши и замена на нови саќиња на старите ладилници за вода или интеркулерите, како и да изработи нов комплетен ладилник, доколку постојат технички можности за тоа.

iko-trust-clubeconomy

Контакт информации

Адреса

Улица: Ул. Борис Трајковски бр.1, 1000 Скопје
Град: Скопје
Држава: Македонија


Социјални медиуми

Лице за контакт

Илчо Коцевски


Мапа