Filters
Пребарување
ИГО-ИМПЕКС

ОСНОВНА ДЕЈНОСТ

Компанијата ИГО-ИМПЕКС се занимава со:

- Царинско посредување и застапување
- Јавни царински складишта за возила и механизација 
- Превоз на стоки во земјата и странство

Подетално за компанијата

ИГО-ИМПЕКС

Иницијативниот мотив на шпедиција ИГО-ИМПЕКС може да се согледа во мотото: СО НАС НЕ ПОСТОЈАТ ГРАНИЦИ!
Со долгогодишната работа и знаењето стекнато во доменот на шпедицијата и царинењето, успеавме да создадеме квалитетен тим кој Ви го олеснува целокупниот процес при увозот и извозот на стоки и тоа максимално ефикасно и едноставно.

igo-impeks-clubeconomy

ВИЗИЈА

ИГО-ИМПЕКС веќе е препознатлово име на македонскиот пазар длабоко имплементирано меѓу македонските извозници и увозници. Нашата визија е да бидеме лидери во давањето квалитетни услуги во доменот на шпедицијата, транспортот и царинското складирање на стоки. Овие цели ги реализираме со постојано подобрување на квалитетот на нашите услуги и едуцирање на тимот, со единствена цел да придонесеме кон перманентно подобрување на работењето на нашите клиенти, грижејќи се за нивните потреби како доверлив партнер.

igo-impeks-clubeconomy

ЦАРИНА И ТРАНСПОРТ

ИГО-ИМПЕКС ги изведува сите видови царинско работење при увоз и извоз на стоки, како и посредување пред државните и инспекциските органи.

Ги организираме сите видови патен, железнички, авио и бродски транспорт на стоки за сите светски дестинации, како и транспорт на сите видови стоки во Македонија.

ИГО-ИМПЕКС има сопствено јавно царинско складиште за возила и механизација.

igo-impeks-clubeconomy
СО НАС НЕ ПОСТОЈАТ ГРАНИЦИ!

Контакт информации

Адреса

Улица: П. Фах 220, 7000 Битола
Град: Битола
Држава: Македонија


Социјални медиуми

Лице за контакт

Горан Ивановски
Иванчо Ивановски


Мапа