Filters
Пребарување
ХОТЕЛ СЛИВ

ОСНОВНА ДЕЈНОСТ

ХОТЕЛ - РИБНИК - РЕСТОРАН:
- Кетеринг
- Деловни средби
- Прослави
- Свадби

Сместен во подножјето на Плачковица, на само 5 минути од центарот на Виница, во мирна и тивка околина се наоѓа ХОТЕЛ СЛИВ. Изолиран од градскиот метеж претставува вистински избор за патниците и бизнисмените со префинет вкус, кои знаат да ја ценат неговата елегантна атмосфера и локација

Подетално за компанијата

 
ХОТЕЛ - РИБНИК - РЕСТОРАН

ХОТЕЛ СЛИВ

 

Сместен во подножјето на Планината Плачковица на само пет минути од центарот на Виница, во мирна и тивка околина се наоѓа Хотел Слив. Изолиран од градскиот метеж претставува вистински избор за патниците и бизнисмените со префинет вкус, кои знаат да ја ценат неговата елегантна атмосфера и локација.

На хармоничен спој се надоврзува сливот на реките Брегалница и Осојница, како и оризните полиња кои ја разубавуваат панорамата на погледот од собите.

Хотелот располага со 44 соби, од кои 5 еднокреветни, 22 двокреветни , 12 трикреветни , 2 четирикреветна и 3 апартмана. Секоја соба е опремена, како за одмор, така и за работа. ТВ со сателитска програма, клима уред, бања... Гостите во Хотелот можат да користат ноќевање со доручек, полу пансион или полн пансион.

Рибник СЛИВ

Во состав на Хотел СЛИВ егзистира и Рибникот Слив. Неговата идеална локација, еколошки безбедната околина и беспрекорната услуга во Рибникот Слив се само некои од причините зошто треба да дојдете и да го видите овој угостителски објект. Во Рибникот Слив тече чиста изворска вода и се одгледува познатата калифорниска пастрмка. Приготвена од врвни кулинарни експерти оваа риба се служи како главен специјалитет на куќата. Ресторанот на Рибникот има капацитет од 180 седишта и летна тераса со капацитет од 180 седишта. Рибникот Слив располага со 10 соби, каде во тивка атмосфера, прекрасен амбиент и одлична услуга ќе ви понудиме незаборавен престој.

hotel-sliv-clubeconomy

Ресторан – банкет сала

Прекрасен амбиент, совршен ентериер, првокласна кујна со изобилство на традиционални и европски кулинарски специјалитети. Капацитет од 420 седишта. Хотел СЛИВ организира секаков вид коктели, свечени вечери и други веселби...
Тераса – уживајте во Вашето утринско кафе во пријатниот амбиент на нашата тераса, со капацитет од 100 седишта. Три сали со комплетна инфраструктура и опрема за организирање конференции и семинари (озвучување, графоскоп, платна...). Капацитет од 80 до 300 седишта.

hotel-sliv-clubeconomy
Содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови и графичко-техничките решенија е казниво со закон.

Контакт информации

Адреса

Улица: Ул. Кочански пат бб, 2310 Виница
Горна Осојница бб, Виница - Рибник Слив
Град: Виница
Држава: Македонија


Социјални медиуми

Лице за контакт

Марина Николова Манова
Марко Николов


Мапа