Filters
Пребарување
ХОТЕЛ ИСТАТОВ

ОСНОВНА ДЕЈНОСТ

ХОТЕЛ ИСТАТОВ се наоѓа на самиот влез во Нов Дојран.

Хотелот е туристички и спортско-рекреативен комплекс со богата традиција и реноме. Претставува идеално место за одмор и за секаков вид спортски подготовки на екипи од сите спортови.

Има 45 соби, од кои 23 двокреветни, 10 трикреветни, 2 четирикреветни, 9 апартмани и 1 ВИП апартман, фитнес центар, сауна, базен, паркинг.

Ресторанот е со капацитет од 207 места, со одлична храна и голем избор на дојрански и македонски специјалитети.

 

 

Подетално за компанијата

ХОТЕЛ ИСТАТОВ

ХОТЕЛОТ ИСТАТОВ се наоѓа на влезот на Нов Дојран, само 6 км од грчката граница. Тој е идеално место за одмор и рекреација и примамлива туристичка дестинација. Местоположбата на ХОТЕЛ ИСТАТОВ, заедно со дојранската медитеранска клима, го прават целиот комплекс вистинско место за спортски подготовки. ХОТЕЛОТ ИСТАТОВ е спортско-рекреативен комплекс со богата традиција и реноме.

Комплексот претставува идеално место за секаков вид спортски подготовки на екипи од сите спортови. Токму поради тој факт, секогаш е избор број 1 на екипите со врвни дострели. Спортскиот центар располага со спортска сала со стандардни димензии, во која може да се игра ракомет, кошарка, одбојка и мал фудбал, две помошни фудбалски игралишта, едно професионално фудбалско игралиште, фитнес-сала, сауна за 15 лица и базен.

400x270

ХОТЕЛ ИСТАТОВ

За љубителите на пливањето во непосредна близина е Дојранското Езеро, кое има сезона од 180 до 200 денови, а водата достигнува и до 31 стемен.

ХОТЕЛ ИСТАТОВ има 180 легла во: 9 апартмани, 1 VIP апартман, 23 двокреветни соби, 10 трокреветни соби, 2 четирикреветни соби Собите и апартманите се елeгантно декорирани во модерен стил и поседуваат богата опрема: ТВ со сателитска антена + DVD, климатизер, интернет пристап, мини-бар, фен, џакузи, воден масер, масер за нозе....

Ресторанот е со капацитет од 270 места и ви нуди специјалитети по кои е прочуен Дојран, како: крап на дојрански начин, крап на скара, крап во тава, перкија на дојрански начин и други автентични македонски спецјалитети.

400x270

Спортски Центар Истатов

Контакт информации

Адреса

Улица: Ул. Маршал Тито бб, Нов Дојран
Град: Нов Дојран
Држава: Македонија


Социјални медиуми

Лице за контакт




Мапа