Filters
Пребарување
ХИДРО-ТЕК

ОСНОВНА ДЕЈНОСТ

Компанијата ХИДРО-ТЕК се занимава со производство, изработка, монтирање и сервисирање на хидраулични и пневматски инсталации

- Репарирање и изработка на хидраулични цилиндри
- Хидраулични црева

- Црева и цевки за хидраулични сопирачки
- Наменски црева за индустрија
- О прстени, манжетни и сетови на манжетни за хидраулични системи 

ХИДРО-ТЕК е официјални дистрибутери за Македонија на програмата од светски познатиот бренд за хидраулична опрема D-Hydro

Подетално за компанијата

ХИДРО-ТЕК

ХИДРО-ТЕК е компанија која се занимава со производство, изработка, монтирање и сервисирање на секаков вид хидраулични и пневматски инсталации. Веќе 20 години сме присутни на домашниот пазар и соработуваме со сите деловни субјекти кои поседуваат машинска опрема или механизација, како градежни претпријатија, претпријатија кои се занимаваат со дејности од јавната и комуналната сфера, транспортни претпријатија...

Покрај изработката на црева по нарачка, исто така, се занимаваме и со дистрибуирање на репроматеријали за други компании кои работат во сферата на хидраулика и пневматика. За сите Ваши потреби од хидраулични компоненти, како што се: црева и спојки, пумпи, филтри, автомобилски сопирачки, хидростатички мотори, резервоари за масло... контактирајте не!

Сите наши готови производи ги атестираме на тест машина за испитување на работниот притисок, со што дополнително го гарантираме квалитетот и сигурноста на изработените црева.

hidro-tek-clubeconomy
hidro-tek-clubeconomy

ПРОИЗВОДИ И УСЛУГИ

• Репарирање и изработка на хидраулични цилиндри

• Хидраулични црева, оплетени со една, две, четири и шест жици, изработени комплет со спојки, со димензии од 3/16" па до 3"

• Црева и челични цевки за хидраулични сопирачки во автомобилската индустрија (комплетна програма)

• Наменски црева за индустријата, во различни димензии, во согласност со стандардите за нивна примена, како за пренос на вода, за пренос на пареа, за пренос на компримиран воздух, за пренос на масло, за пренос на гориво, црева со висока отпорност на абразија...

• Комплетна програма на О-прстени, манжетни и сетови манжетни за хидраулика во сите димензии, со комплетна услуга за репарирање на цилиндри.

hidro-tek-clubeconomy
hidro-tek-clubeconomy

INTERLOCK - Хидраулични црева

Во рамките на нашиот асортиман, единствено во Македонија ги изработуваме хидрауличните црева од програмата на INTERLOCK, кои се користат за работа во тешки услови - во рудници, каменоломи и слично, каде се потребни црева кои издржуваат екстремно високи притисоци и имаат висока отпорност на абразија.

ХИДРО-ТЕК е официјални дистрибутери за Македонија на програмата од светски познатиот бренд за хидраулична опрема D-Hydro.

Содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови и графичко-техничките решенија е казниво со закон.

Контакт информации

Адреса

Улица: Ул. Краварски пат бб, 7000 Битола
Град: Битола
Држава: Македонија


Социјални медиуми

Лице за контакт

Љубица Димовска


Мапа

Документи