Filters
Пребарување
ГИПСАР

ОСНОВНА ДЕЈНОСТ

Компанијата ГИПСАР се занимава со трговија на градежни материјали и изведба

Продажната програма содржи повеќе од 200 производи: гипс картонски плочи, соодветна метална конструкција и сите елементи потребни за изградба на преградни ѕидови, спуштени плафони, системи за противпожарна заштита, системи за заштита од рендген и електромагнетно зрачење, состеми за термичка и звучна изолација, рачен и машински малтер, сув и течен естрих, лепила за керамика и мермер...

ПАРТНЕРИ: KNAUF, KNAUF INSULATIONAMFMARMORIT 

Подетално за компанијата

ПРОДАЖБА НА ГРАДЕЖНИ МАТЕРИЈАЛИ

Компанијата ГИПСАР се занимава со продажба на квалитетни градежни материјали, а главната мисија на фирмата, која постои од 1990 година е на македонскиот пазар да го понуди она што е тренд и новитет во градежништвото во светот.

Стратегијата на ГИПСАР се базира врз постојано подобрување на услугите и програмите што ги нуди, градејќи сигурен однос со своите коминтенти. ГИПСАР постојано работи на проширување на палетата на производи за да им овозможи покомплетна понуда на купувачите. Тоа значи дека купувачот може да најде се на едно место.

gipsar-clubeconomy

ИСКУСТВО

Истовремено, ГИПСАР, сето свое искуство и знаење го става на располагање на купувачите, проследено со пријателскиот и љубезен однос на вработените. За нас една од најважните работи е навремена испорака на материјалите, потоа, управување со залихите и магцинска екипираност, што овозможува брз утовар на материјалите.

gipsar-clubeconomy
gipsar-clubeconomy

ПРОДАЖНА ПРОГРАМА

Нашата продажна програма содржи повеќе од 200 производи и тоа гипс картонски плочи, соодветна метална конструкција и сите елементи потребни за изградба на преградни ѕидови, спуштени плафони, системи за противпожарна заштита, системи за заштита од рендген и електромагнетно зрачење, состеми за термичка и звучна изолација, рачен и машински малтер, сув и течен естрих, лепила за керамика и мермер.

БРЗО, ЛЕСНО, ЧИСТО

Производите што ги нудиме се познати и широко прифатени на пазарот, затоа што нудат можности за брзо, едноставно и чисто уредување на внатрешниот ентериер. Истовремено, тоа се производи кои со малку материјал и малку фантазија нудат неверојатни можности за осмислување на просторот.

И сето тоа неверојатно брзо, лесно, чисто.

gipsar-clubeconomy
Содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови и графичко-техничките решенија е казниво со закон.

Контакт информации

Адреса

Улица: Ул. Јадранска магистрала бр. 37, 1000 Скопје
Град: Скопје
Држава: Македонија


Социјални медиуми

Лице за контакт

Тања Коневска +389 (0)70/380 238


Мапа