Filters
Пребарување
ФАТИ ТРАНС АГ

ОСНОВНА ДЕЈНОСТ

Компанијата ФАТИ ТРАНС АГ се занимава со:

- Производство на бетонски и дрвени столбови за електрични мрежи
- Проширување и одржување на електрични мрежи
- Одржување на јавно осветлување
- Транспортни услуги
- Услуги со багер

СЕРТИФИКАТИ

ISO 9001 : 2008
Лиценца Б

Подетално за компанијата

ФАТИ ТРАНС

Компанијата ФАТИ ТРАНС се занимава со производство на бетонски и дрвени столбови за електрична мрежа, потоа со проширување и одржување на елетрична мрежа, одржување на јавно осветлување и давање транспортни услуги и услуги со багер. Столбовите што ги произведуваме се со одличен квалитет и ги задоволуваат сите стандарди, а тимот на ФАТИ ТРАНС е секогаш подготвен навремено, брзо и квалитетно да ги реализира сите барања на клиентите.

Очигледната потреба на пазарот за компанија која нуди квалитетни производи и услуги во областа на одржувањето на електричната мрежа и се грижи за јавното осветлувањe, беше главната движечка сила за развој на нашата компанија. Желбата да понудиме квалитет, сигурност и издржливост, од идеја помина во реализација во 1999 година, кога во село Палатица беа поставени темелите на ФАТИ ТРАНС.

Почнавме да работиме со тројца вработени, но водени од идејата да бидеме брзи, исполнителни и квалитетни, постојано вложувавме во развојот и денес тимот брои 42 работници, обучени да се справат со сите предизвици во нашето поле на активности на локално, национално и регионално ниво.

fati-trans-clubeconomy
fati-trans-clubeconomy

За електрична безбедност

Основното мото на ФАТИ ТРАНС „За електрична безбедност“ е мото кое ни овозможи да бидеме синоним секогаш кога се спомнува електричната безбедност, имајќи предвид дека бевме една од првите локални компании кои постојано инсистираме за воспоставување на поголема електричната безбедност.

Во остварувањето на нашите цели важна улога има и соработката со: ЕВН Македонија, албанската OSHEE (оператор за дистрибуција на електрична енергија), Електро Стубла - Косово, KEDS Косово, Инсталација од Кичево, АК- Инвест од Тетово, потоа соработката со телефонските оператори Vip и Т-Мобиле и соработката со Општина Тетово, Општина Желино, Општина Теарце и Општина Брвеница.

За квалитетите на нашите производи и услуги сведочи добиената Лиценца Б, четирите атести за бетонските столбови, издадени од Техничкиот институт на Универзитетот Свети Кирил и Методиј, како и SHCUP стандардот ISO 9001 : 2008.

fati-trans-clubeconomy
fati-trans-clubeconomy
Содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови и графичко-техничките решенија е казниво со закон.

Контакт информации

Адреса

Улица: Село Палатица, Општина Желино
Град: Тетово
Држава: Македонија


Социјални медиуми

Лице за контакт

Елфат Бафтијари


Мапа