Filters
Пребарување
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД дооел

ОСНОВНА ДЕЈНОСТ

Компанијата ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД дооел се занимава со:

- Производство на ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци од брендовите ALUPLAST, SCHUCO и PROFILINK
- Генерален застапник за ПВЦ профилот PROFILINK, од европско производство, продажба од лагер

ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД дооел

Подетално за компанијата

Подетално за компанијата

20+ ГОДИШНО ИСКУСТВО

Компанијата ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД дооел од Прилеп повеќе од две децении успешно работи и произведува висококвалитетна градежна столарија.

Во самиот почеток со работа, започнавме со производство на термопан стакло за градежна столарија, сегмент во кој се уште сме присутни и со успех ги следиме сите светски достигнувања, особено кога станува збор за подобрување на енергетската ефикасност.

Во 2013 година ја проширивме дејноста и започнавме со сопствено производство на ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци.

Euro-Glas-Trejd-clubeconomy
ИНОВАЦИИ

ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД дооел постојано ги следи најновите технички достигнувања во доменот на градежната столарија и е во чекор со светските трендови. Располагаме со современа технологија за изработка на ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци од познатите брендови за профили ALUPLAST и PROFILINK и SCHUCO, а во сегментот на застаклувањето произведуваме термопан стакла со два и три слоја стакло, исполнети со аргон, а доколку тоа го бараат клиентите и со четирисезонска заштита.

PROFILINK

Последниве неколку години на пазарот сме познати и по ПВЦ профилот PROFILINK, со 5 и со 6 комори, за кој сме генерални застапници на македонскиот пазар. Ова се профили од најновата генерација, од европско производство, а во ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД во секој момент имаме значајни количества на лагер.

КВАЛИТЕТ

За сите вработени на ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД, кога е во прашање производството на градежна столарија, како и на стаклото за застаклување, квалитетот и задоволството на клиентите се секогаш на прво место. За сите прозорци и вратите што ги произведуваме обезбедуваме бесплатна максимално стручна монтажа, со што го заокружуваме процесот за гарантирање на нивната долготрајност. Сите производи од ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ги задоволуваат најстрогите стандарди за цврстина, издржливост, функционалност и енергетска ефикасност.

Содржините, графичките и техничките решенија изработени од тимот на Club Economy се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови и графичко-техничките решенија е казниво со закон.

Контакт информации

Адреса

Улица: Ул. Јоска Јорданоски бр.15, 7500 Прилеп,
Ул. Македонски Бранители бр. 7, 7500 Прилеп
Град: Прилеп
Држава: Македонија


Социјални медиуми

Лице за контакт

Љупче Ѓелев


Мапа