Filters
Пребарување
ЕЛМЕД доо

ОСНОВНА ДЕЈНОСТ

Во доменот на индустријата ЕЛМЕД е генерален застапник на брендовите:
DOMINO - Англија (принтери за ink-jet маркирање, термал транфер принтери, термал ink-jet принтери, print and apply системи и ласерско обележување)
WIEDENBACH – Германија – групација DOMINO (специјализирани ink-jet принтери)
ANSER (термал ink-jet принтери)
LOMA – Англија (метал детектори, проточни ваги и X-ray системи)
HERMA – Германија (системи за етикетирање)
ROBOPAC – Италија (системи за пакување)
VALCO MELTON – САД (системи за лепење со топлив лепак)
FT SYSTEM – Италија (инспекција и контрола на производи)
TELESIS – САД и SISMA – Италија (системи за ласерско обележување)
TOSHIBA – Јапонија и CAB - Германија (термал-трансфер и термо-директ принтери на етикети)
ARMOR (INKANTO) – Франција (термал-трансфер рибони)

Во доменот на медицината ЕЛМЕД е носител на генералното застапништво на:
ISKRA MEDICAL – Словенија (апарати за физикална терапија, рехабилитација, спортска и естетска медицина со козметологија)
SCHILLER AG – Швајцарија (медицински уреди за кардио респираторна неинвазивна дијагностика, мониторинг и ургентна медицина)

СЕРТИФИКАТИ

ISO 9001 : 2015   ISO 14001 : 2015

Подетално за компанијата

Компанијата ЕЛМЕД ја започнува својата дејност во 1991 година во секторот на индустријата преку поддршка со опрема за индустриското обележување и следливост на производ каде сѐ уште работи како водечка куќа во Македонија. Годините работа и истражување на пазарот овозможуваат во 1995 година компанијата својата експертиза да ја прошири и во медицинскиот сектор.

 

Во доменот на индустријата ЕЛМЕД претставува генерален застапник на следните светски брендови:

  • DOMINO – водечки светски производител на системи за бесконтактно обележување. Познато е дека Domino апаратите се лидер во светот за ink jet маркирање. Познатите свтески компании како што се Coca Cola, Pepsi, Nestle и многу други веќе долго време ги означуваат своите производи со Domino маркирачите, што е повеќе од доказ за нивниот квалитет и традиционалната Англиска доверливост.

  • WIEDENBACH – претставува водечки снабдувач на континуирани Ink-jet принтери, како и специјални апликативни решенија.

  • ANSER – производител на термал Ink-jet принтери базирани на термал Ink-jet технологијата која претставува ценовно ефикасно решение за индустриско обележување на производите.

  • LOMA – претставува светски врв во дизајн и производство на метал детектори, проточни ваги и X-ray системи наменети за прехрамбената, фармацевтската и индустријата за пакување. Проектирани се за да ги задоволат најстрогите стандарди поврзани со безбедноста на производите, идентификување на недостатоците на производите и елиминација на секоја можност за контаминација.

  • HERMA – преставува водечки производител на системи за апликација на самолепливи етикети. Дизајнира и произведува високо квалитетни стандарни и системи за етикетирање со специјална примена.

  • ROBOPAC – светски лидер во производство на автоматски машини и системи за завиткување на производите со најлонска фолија и истите се прилагодени според специфичните барања на клиентите со што се обезбедува заштита и стабилност на производите при складирање или транспорт.

  • VALCO MELTON – компанија за производство на системи специјализирани за лепење со топлив лепак. Машините се одликуваат со оптимална доверливост и потполна контрола на работата се со цел да се задоволат потребите на корисниците ширум светот.

  • FT SYSTEM – компанија за производство на опрема за инспекција и контрола на производи која осигурува исправност на пакувањето и визуелниот изглед на производот, со што се обезбедува квалитет на производите и брендот. Инспекциските системи својата примена ја ноѓаат во индустријата за пијалоци, храна, хемија, козметика како и фармацевтската индустрија.

  • SISMA и TELESIS–светски познатi производителi чија дејност е дизајн и производство на високо-прецизни ласерски уреди наменети за обележување во индустријата и златарството. Ласерите овозможуваат трајно обележување на производи како што се: метални компоненти, пластика и други цврсти елементи како и можност за прецизно сечење на материјалите при големи брзини.

  • TOSHIBA и CAB – се производители со широка палета на принтери за етикети со највисок квалитет, исклучителни перформанси и доверливост кои работат на принцип термо-трансфер и термо-директ технологија.

  • ARMOR (INKANTO) – компанија лидер во производство на рибони кои се користат при термо-трансфер технологијата на принтање на баркодови,QR кодови, логоа и други информации на етикетите или флексибилните пакувања. Познати се по отпорноста на абразија при ракување како и на температурни, хемиски и климатски влијанија.

ЕЛМЕД

Медицина

Уште од 1995 година Елмед ја проширува својата дејност и кон промоција, продажба и сервис на врвни апарати од областа на медицината преку брендовите:

  • ISKRA MEDICAL – докажан бренд во медицинскиот домен преку производство на сертифицирани виококвалитетни апарати за физикална терапија, рехабилитација, спортска и естетска медицина. Апаратите ги исполнуваат критериумите на запдно-европскиот пазар кој секојдневно поставува нови и се построги норми кога станува збор за производство на апарати за физикална терапија.

  • SCHILLER AG – лидер производител на апарати за кардио-пулмонална дијагностика и компанија која повеќе од 4 декади е препознатлива како пионер и иноватор во развој и производство на апарати за ЕКГ, холтери за крвен притисок, ЕКГ холтер рекордери, дефибрилатори, спирометри, пациент монитори како и медицински софтверски решенија.

elmed-clubeconomy
Содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови и графичко-техничките решенија е казниво со закон.

Контакт информации

Адреса

Улица: Ул. 27, бр.16 г, 1041 Населба Илинден
Град: Скопје
Држава: Македонија


Социјални медиуми

Лице за контакт

Јулијана Хеѓкези +389 (0)78/395 561
Тибор Хеѓкези +389 (0)78/200 209


Мапа