Filters
Пребарување
ЕЛЕКТРОИНВЕСТ

ОСНОВНА ДЕЈНОСТ

ЕЛЕКТРОИНВЕСТ е компанија специјализирана за сервис на нисконапонска, среднонапонска и високонапонска дистрибутивна опрема. Како и дистрибуција, инсталација и сервис  на наменска рударска енергетска опрема, рударски енергетски системи, ситеми за управување на енергија во рударството, енергетски системи наменети за тешка индустрија и тешки услови на работа.

Продолжување на векот на Вашата опрема се наша специјалност. Можеме економично да ја надоградиме или ремонтираме Вашата опрема.

Квалитетот е бесплатен на ЕЛЕКТРОИНВЕСТ!

СЕРТИФИКАТИ

ISO 9001 : 2015
ISO 14001 : 2015

Подетално за компанијата

ЕЛЕКТРОИНВЕСТ

ЕЛЕКТРОИНВЕСТ е компанија специјализира за продажба, изработка и сервисирање на прекинувачи за нисконапонски, среднонапонски и високонапонски мрежи и друга опрема за дистрибуција на електрична нергија.

Од нашиот современ објект од 2000 м² нудиме резервни делови и нова и репарирана електро опрема и делови за замена.

Нашата палета ја сочинуваат илјадници прекинувачи за ниски, средни и високо напонски мрежи, буквално сите видови што се произведуваат во поранешните Ју простори, како и некои од најпознатите европски брендови. Во ЕЛЕКТРОИНВЕСТ ќе најдете се што е потребно од електро опрема.

elektroinvest-clubeconomy
elektroinvest-clubeconomy

ТЕХНОЛОГИЈА

Продолжување на векот на вашата опрема се наша специјалност. Користејќи ги најновите технологии, заедно со долгогодишното искуство можеме економично да ја надоградиме вашата опрема преку реновирање и пополнување.

Имаме и голем избор на резервни делови, а нашиот искусен тим ќе ви понуди решение без разлика дали станува збор за обичен прекинувач или комплетна трафостаница. И тоа ќе го направиме брзо!

elektroinvest-clubeconomy
elektroinvest-clubeconomy

СЕРТИФИКАТИ

Имаме сертификат ISO 9001 : 2015, а целиот наш персонал вклучувајќи ги сите сектори: продажба, услуги, инженеринг, склопување, тестирање и испорака, се состојат од квалификувани професионалци кои се посветени на обезбедување квалитетни производи и услуги за клиентите. Имаме сеопфатни процедури за обезбедување на квалитет и тестирање. Целата нова или репарирана опрема е опфатена со една година гаранција.

Имаме целосно развиен и имплементиран систем за управување со животната средина, за што добивме и ISO 14001 : 2015 сертификат.

Во ЕЛЕКТРОИНВЕСТ квалитетот е бесплатен!
Содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови и графичко-техничките решенија е казниво со закон.

Контакт информации

Адреса

Улица: Ул. Багдадска бр. 36 г, 1000 Скопје
Град: Скопје
Држава: Македонија


Социјални медиуми

Лице за контакт




Мапа