Filters
Пребарување
ДИМКО МИТРЕВ ад

ОСНОВНА ДЕЈНОСТ

Компанијата ДИМКО МИТРЕВ се занимава со производство и трговија на крзно, крзнени производи и крзнена галантерија:

- Крзнени обувки
- Автонавлаки за сите автомобили
- Шиени и ткаени теписи
- ХТЗ опрема, ракавици, бунди, елеци
- Крзнена конфекција
- Разни производи од медицинско крзно

СЕРТИФИКАТИ

ISO 9001 : 2008

ДИМКО МИТРЕВ ад

Подетално за компанијата

Подетално за компанијата

ДИМКО МИТРЕВ

Компанијата ДИМКО МИТРЕВ своите корени ги носи од ќурчиската работилница на браќата Зарезанкови која постоела уште во средината на 19 век. Сепак, темелите на сегашната фабрика за производсво на сите видови ќурчиски и кожарски производи датираат од 1947 година, од кога почнува современата историја на ДИМКО МИТРЕВ како индустриски капацитет. Во сите овие години фабриката се соочуваше со најразлични предизвици, постојано свртена кон развојот со кој го зголемуваше асортиманот, квалитетот и обемот на производството. Компанијата е целосно приватизирана од 1997 година, денес функционира како акционерско друштво, организирано во три работни единици.

dimko-mitrev-clubeconomy

КРЗНЕНИ ОБУВКИ

Крзнените обувки (топлинки, чизми, апостолки, влечалки, детски топлинки) се со модерен изглед и се користат во секој период од годината. Имаат смирувачки ефект врз кожата, ги неутрализираат базите, киселините и мирисите, ја регулираат температурата на телото, ја подобруваат циркулацијата на крвта, ја апсорбираат потта. Се произведуваат во широк асортиман за сите возрасти, машки, женски и детски, во повеќе бои и дизајн.

dimko-mitrev-clubeconomy
dimko-mitrev-clubeconomy

АВТОНАВЛАКИ

Автонавлаките и воланите се изработени од природно овчко крзно, се користат за сите видови автомобили, изгледаат пријатно и се удобни за секој што ги користи. Имаат смирувачки ефект врз кожата, ја регулираат температурата на телото, ја отстрануваат потта, не претставуваат хранлива подлога за разој на бактерии и микроорганизми. Се изработуваат по порачка во повеќе бои и дизајн.

ШИЕНИ И ТКАЕНИ ТЕПИСИ

Шиен килим изработен од природно овчо крзно е производ што се користи во домаќинството , на задната страна е обложен со платно и се користи директно на подот, а е изработен од цели парчиња крзно. Допирот дава пријатни чувства, удобен е за сите возрасти и годишни времиња. Лесно ја апсорбира влагата а уште полесно ја испушта во воздухот. Затоа секогаш е присутно чувство на сув допир.
Ткаените килими се изработени од парчиња од природно овчко крзно. На позадината е обложен со платно и се ткае рачно на разбој.

dimko-mitrev-clubeconomy
dimko-mitrev-clubeconomy

ХТЗ ОПРЕМА

ХТЗ производите, бундите и елеците се изработени од природно овчко крзно и памучно импрегнирано платно и служат за заштита при работа.

 

ДИМКО МИТРЕВ

 

Крзнената модна бунда и капи се изработуваат од јагнешки кожи. Крзнените ташни се изработени од овчки кожи, во различни големини, бои и дизајн, во тренд со модните светски случувања. Производи од медицинско крзно

Специјален производ во производната програма на ДИМКО МИТРЕВ е крзното за медицинска употреба. Медицинското крзно е природно овчко крзно од специјално избрани мерино овчки раси. Ова крзно се произведува по специјална технологија која гарантира еколошко здраво крзно.
Кај пациетите кои поради природата на болеста лежат подолго време доаѓа до појава на рани. Вакви проблеми нема ако се користи нашето медицинско крзно, што се должи на хемиските и физички својства на волната.

Во медицинската програма нудиме:

  • 1. Крзнени ќебиња од медицинско крзно

    • • за болнички кревети

    • • за инвалидски колички

    • • за детски креветчиња

  • 2. Медицинско крзно во природна форма на кожа т.н. "Тир Форма"

  • 3. Крзнени перничиња од медицинско крзно

  • 4. Грејачи за нозе за парализирани, инвалидизирани и стари лица.

  • 5. Крзнени топлинки од медцинско крзно со прсти и без прсти

  • 6. Грејачи за: лакти, колена, бубрези, појаси

  • 7. За вашето бебе Ви нудиме:

    • • крзнено ќебе од медицинско крзно за детско креветче, количка, столче

    • • крзно во природна форма за креветче

    • • крзнени топлинчиња

    • • крзнени ракавичиња

    • • крзнено капче

 

 

 

Содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови и графичко-техничките решенија е казниво со закон.

Контакт информации

Адреса

Улица: Ул. Димко Најдов бр. 94, 1400 Велес
Град: Велес
Држава: Македонија


Социјални медиуми

Лице за контакт




Мапа