Filters
Пребарување
ДЕНИ ИНТЕРНАЦИОНАЛ

ОСНОВНА ДЕЈНОСТ

ДЕНИ ИНТЕРНАЦИОНАЛ е претпријатие за организирање на меѓународен транспорт на стоки во друмскиот сообраќај

- Меѓународен транспорт
- Шпедиција
- Јавен царински склад
- Прв и единствен Autohof во Македонија

СЕРТИФИКАТИ

ISO 9001 : 2008
Одобрение за овластен економски оператор за царинско поедноставување / безбедност и сигурност

ДЕНИ ИНТЕРНАЦИОНАЛ

Подетално за компанијата

Подетално за компанијата

ТРАНСПОРТ

Основна дејност на ДЕНИ ИНТЕРНАЦИОНАЛ e меѓународниот транспорт. Компанијата располага со современи товарни возила за секаков вид стока (палетизирани, непалетизирани, опасни материи – АДР...). Специјалност ни е збирниот, а нудиме и поединечен транспорт.

  • • Редовни транспортни линии за збирни пратки од Македонија, Албанија и Косово до сите европски земји и обратно

  • • Консолидација на пратки и оптимизирање на транспортни трошоци

  • • „Авио” возила за брзи пратки

  • • 24 часовна комуникација со возилата

  • • GPS позиционирање и следење на возилата во секое време

  • • Комплетно ЦМР осигурување за сите возила

  • • Одлична комуникација со нашите соработници

deni-internacional-clubeconomy

ЈАВЕН ЦАРИНСКИ СКЛАД

ДЕНИ ИНТЕРНАЦИОНАЛ располага со Јавен царински склад со површина од 6500 м² отворен и 4625 м² затворен простор. Нудиме можност за складирање, препакување и етикетирање на различни видови стока како и:

  • • Привремено чување до 20 дена

  • • Царинско складирање (U-7)

  • • Складирање на стока во транзит

  • • Посебни услови за складирање на фармацевтски производи, отрови, техничка и чувствителна електроника

  • • Складирање на автомобили, товарни возила и вонгабаритни стоки и машини

  • • Најсовремена техничка опрема

  • • Дистрибуција на стоки во Македонија, Косово, Албанија, Tурција, Бугарија и Грција

  • • 24/7 утовар и истовар со комплетен видео надзор

  • • Сталажен систем во 70% од магацинот;

  • • Професионален тим на ваше располагање

ЈЦС ДЕНИ ИНТЕРНАЦИОНАЛ има одлична локација на влезот во Скопје, овозможувајќи пристап на тешки товарни возила, избегнувајќи го централното градско подрачје. Поволната инфраструктура, автопатот Е-75 и обиколницата околу Скопје, овозможуваат лесна достапност од и кон сите насоки (Белград, Приштина, Велес и Тетово).

deni-internacional-clubeconomy
deni-internacional-clubeconomy

ШПЕДИЦИЈА

Наша обврска е навремено, брзо и квалитетно завршување на царинските формалности за да можат клиенти навремено да располагаат со сопствените стоки. Нудиме комплетна услуга, преку:

  • • Извршување на сите постапки во слободните економски зони во Македонија

  • • Поедноставени постапки за Локално царинење при увоз и извоз

  • • Подготовка на документи за транзитна постапка и поедноставена постапка Овластен испраќач

  • • Пријавување на стоки во царинско складиште со поедноставена постапка Овластен примач

  • • Редовен увоз и извоз

  • • Привремен увоз и извоз

  • • Реекспорт

  • • Достава и подигнување на стоката од врата до врата.

Располагаме со канцеларии во Скопје, Слободна економска зона Бунарџик, Аеродром Скопје, Штип, Кавадарци, Битола и Граничен премин Табановце.

deni-internacional-clubeconomy
deni-internacional-clubeconomy
deni-internacional-clubeconomy

АУТОХОФ 001

Deni Autohof 001 е прв и единствен Autohof во Македонија. За професионалните возачи и целата јавност нудиме услуги од врвен квалитет по пристапни цени. Локацијата на Deni Autohof 001 е во склоп на Царинскиот терминал Скопје.

Deni Autohof 001 е изграден по европските Autohof стандарди и е место каде секој сака да застане, да се одмори и да ужива во пријатниот амбиент и вкусната храна, како и да биде услужен од пријатниот персонал.

Содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови и графичко-техничките решенија е казниво со закон.

Контакт информации

Адреса

Улица: Ул. 34 бр. 22, Населба Илинден, 1000 Скопје
Град: Скопје
Држава: Македонија


Социјални медиуми

Лице за контакт




Документи