Filters
Пребарување
ДЕЛО ДЕКОР ТРЕЈД
Тел: +389 (0)71/256 296 - Продажен салон
Е-пошта: office@delodekor.mk
Club economy

ОСНОВНА ДЕЈНОСТ

Компанијата ДЕЛО ДЕКОР ТРЕЈД се занимава со увоз, големопродажба и малопродажба на:

- Тапети
- 3D тапети
- Фототапети
- Декоративни панели
- Декоративни ѕидни техники
- Роло, зебра, вертикални и вариолајт завеси
- Стикери и бордури

ДЕЛО ДЕКОР ТРЕЈД

Подетално за компанијата

Подетално за компанијата

ДЕЛО ДЕКОР

ДЕЛО ДЕКОР е компанија со посебна визија кон крајните потрошувачи, со респектабилен почит и професионалност во својата област.

Увозници и овластени дистрибутери сме за неколку Европски брендови кои се водечки во својата област. Нашите производи имаат потекло од: Франција, Германија, Чешка, Полска, Шпанија и Италија, што само по себе говори за квалитетот на производите со кои располагаме.

Во нашата понуда ќе најдете: тапети, фототапети, стикери, бордури, лепак за тапети, декоративни панели, изработка на декоративни ѕидни техники, зебра и минизебра завеси, вертикални завеси, вариолајт. Притоа се стремиме кон постепено надополнување и надградување на нашата понуда на производи, со што нашите потрошувачи би биле задоволни и би нашле се што им е потребно за декорирање на својот простор.

И сосема за крај, ние се идентификуваме со овој цитат на Ворен Бафет: „Не ги задоволувајте само вашите клиенти, воодушевете ги“.

delo-dekor-clubeconomy

ТАПЕТИ

Тапетите никогаш не се излезени од мода. Во потрага сте по декоративни елементи? Тапетите, фототапетите, а сега и 3D тапетите се вашиот прав избор и во тој случај сте на добар пат да го направите вистинскиот избор и да не посетите во ДЕЛО ДЕКОР ТРЕЈД. Тапетите со новите технологии за нивна изработка и морето на најразлични дизајни, денес на голема врата се враќаат во нашите станови, куќи, викендици, канцеларии, ресторани, хотели... Тоа е причина да не посетите и да дознаете повеќе за нашата понуда, но и за креациите кои на вашите простории, буквално за еден ден, можат да им дадат сосема поинаква модерна димензија.

delo-dekor-trejd-clubeconomy
delo-dekor-trejd-clubeconomy

ФОТОТАПЕТИ

Фототапетите се посебно решение за секој простор, од причина што се произведуваат од мали до големи димензии со одлична резолуција, така што може да се добие прекрасен ефект и надополнување на просторот.

ДЕКОРАТИВНИ ЅИДНИ ТЕХНИКИ

ДЕЛО ДЕКОР може да ви понуди најразлични декорации за ѕидни површини. Ние сме експерти во овој сегмент. Во декоративните ѕидни техники можеме да ви понудиме голем број на техники, но и голем број на нијанси. Техникоте може да бидат изработени во мат и сјаен ефект и во димензии според вашите потреби.

delo-dekor-trejd-clubeconomy
delo-dekor-trejd-clubeconomy

ЗЕБРА И МИНИ ЗЕБРА ЗАВЕСИ

Зебра завесите ќе го направат вашиот дом модерен и тренди. Располагаме со голема палета на платна и бои во разни дезени. Системот дупло платно е иновативниот склоп кој овозможува контролирање на количината на светлоста која поминува во просторијата, од потполен мрак, до удобна осветленост за секоја пригода. Повелете во нашиот салон каде ќе ја одберете најдобрата комбинација за вашиот простор и со помош на нашите стручни лица ќе го добиете најдобриот можен предлог.

ВЕРТИКАЛНИ И ВАРИОЛАЈТ ЗАВЕСИ

Во чекор сме со се што е тренд. Како новитет на пазарот можеме да ви ги понудиме и вертикалните завеси кои се апсолутен хит и имаат повеќе функции. Овој вид завеси се почесто наоѓаат примена во секој простор поради нивната убавина и шармантен изглед.

delo-dekor-trejd-clubeconomy
Содржините, графичките и техничките решенија изработени од тимот на Club Economy се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови и графичко-техничките решенија е казниво со закон.

Контакт информации

Адреса

Улица: Ул. Франклин Рузвелт бр. 43, 1000 Скопје
Град: Скопје
Држава: Македонија


Телефони

+389 (0)71/256 296 - Продажен салон

+389 (0)71/834 184 - Големопродажба и комерцијала

Социјални медиуми

Лице за контакт




Мапа