Подетално за компанијата
ВАМЕТАЛ
ВАМЕТАЛ е компанија чија основна дејност е трговија со лимарски производи. Уште од самите почетоци се стремиме кон високи стандарди за нашите услуги како и нудење на конкурентни цени. Цврсто стоиме зад фактот дека довербата која ја имаат клиентите во нас е резултат на професионализмот и ефикасноста на стручниот персонал. Доказ за нашиот квалитет е долгата листа на клиенти која секојдневно се зголемува. Нашата понуда се состои од ладно и топловалани лимови, поцинкувани и пластифицирани лимови, олуци, лимарска галантерија, табли, трапезоидни лимови, лим во вид на керамиди, сендвич панели, градежна лимарија..

Компанијата ВАМЕТАЛ е основанa во 2000 година и на почетокот од своето работење беше орентирана кон трговијата со ладновални и топловани лимови. Во 2003-та ВАМЕТАЛ инвестираше во нов сопствен магацински и производствен погон, со што го проширивме асортиманот и започнавме со трговија на поцинкуван и пластифициран лим. Водени од желбата да бидеме поблиску до потребите на клиентите и да ја зголемуваме палетата на производи, ВАМЕТАЛ ги насочи инвестициите во набавка на машини со што го создадовме првиот сервисен центар за лимови и метали во југоисточниот регион на Македонија. Континуираното инвестирање во развојот придонесе со текот на годините ВАМЕТАЛ да израсне во една од водечките фирми од областа на производството, продажбата и монтажата на профилирани наребрени лимови, челични конструкции, олуци, градежна лимарија и вкупната лимена галантерија.

СОРАБОТКА
Компанијата ВАМЕТАЛ во 2010 година стана увозник на врвниот производител на Термо Панели KAMARIDIS Грција - и врши увоз на секаков вид на Термо панели од нивната производна програма.
Во 2016година ВАМЕТАЛ стана главен застапник на Сендвич панелите на компанијата PAGOUNI GR производител на сендвич панели од Грција, со што станавме овластен дилер за Македонија на целокупната нивна програма и воедно формиравме стручен тим за монтажа на полиуретнаски сендвич панели, погодни за изградба на индустриски објекти, PAGOUNI GR е фирма која нуди високо квалитетни панели со секаков вид на ребро,боја и дебелина.
Во 2021 година за прв пат Компанијата ВАМЕТАЛ стана увозник и на програмите на Сендвич панели од италјанската фирма EMANTE и бугарската фирма EVROPAN BG.
Во 2025 година за прв пат Компанијата ВАМЕТАЛ стана увозник и на програмите на Сендвич панели од хрватската фирма ALTERNATIVA HR.
Денес фирмата брои 15 вработени, 20 постојани коопернати, 3 сопствени современи погони со нови современи машини и свој возен парк.
ПРОИЗВОДИ
СЕНДВИЧ КРОВНИ И ФАСАДНИ ПАНЕЛИ
Компанијата Ваметал има споствен плац со склад панели во секое време и панели по нарачка.
Кровни панели во дебелина 30мм и 50мм со ПУР,ПИР и Камена Волна испуна, во сите стандардни бои и во вид на Керамида.
Фасадни панели со дебелина 30мм и 50мм, со ПУР,ПИР и Камена Волна испуна, во сите стандардни бои, како и во вид на Дрво.

* Ролл форминг машина со профил ТР 35/210 и ТР 20/170, на која може да се врши профилирање на сите лимови со неограничена должина, со точност на дел од милиметарот
* Ролл форминг машина за обликување на лимот во вид на ќерамида, во неограничени должини според потребите на клиентите
* Апканти за изработка на лимена галантерија: слемиња, ветерлајсни, икснии и други елементи од лим до 8 метри
* Машина за надолжно сечење на лим до дебелина од 1 мм и широчина на ленти дадени од нарачателот
* Секаков вид на лим и лимарска галантерија
Контакт информации
Адреса
Улица: Индустриска зона север, 2400 Струмица
Град: Струмица
Држава: Macedonia
