

Со гордост го најавуваме почетокот на сопственото производство на картонски агли – протектори, први во Македонија!
Нашите картонски агли се практично и ефикасно решение за заштита и стабилизација на стоката при палетирање, транспорт и складирање. Тие ги штитат рабовите на производите од оштетувања и овозможуваат постабилен и посигурен товар на палетата.
Нудиме:
Идеални за заштита на палети, мебел, стакло, градежни материјали, бела техника, метални производи и други производи при транспорт и складирање.
Соработуваме со компании од различни индустрии и обезбедуваме решение прилагодено на нивните потреби.
Подетално за компанијата
ХАРТИЈАТА Е НАШАТА РАБОТА
ТАС КОМЕРЦ е современа, агилна и иновативна компанија од Штип, со повеќе од три децении искуство во производство на хартија. Посветени на квалитетот, развојот и постојаното унапредување, континуирано инвестираме во нови технологии и производни капацитети, создавајќи производи што ги исполнуваат високите европски стандарди.
Со долгогодишно присуство на македонскиот и европскиот пазар, успешно одговараме на потребите на различни индустрии, обезбедувајќи квалитетни производи, сигурно снабдување и навремена испорака.

Нашата понуда опфаќа широк спектар на производи за различни намени:
• Хартија за плотер
• Хартиени аголници – протектори за палетирање
• Хартија за пакување
• Хартија за пакување храна
• Хартиени кеси
• Крафт хартија
• Хартија за печатење весници
ТАС КОМЕРЦ е водечки производител на хартија за плотер во Македонија, а со проширувањето на производната програма создаваме практични и ефикасни решенија за пакување, заштита и секојдневните потреби на бизнисите.

ГО САКАМЕ ОНА ШТО ГО РАБОТИМЕ
За нас, производството на хартија е повеќе од работа – тоа е знаење, искуство и посветеност што ги вложуваме во секој производ.
Од суровина до финален производ, секој чекор од процесот е насочен кон прецизност, постојан квалитет и одговорно користење на ресурсите. Создаваме хартиени производи на кои клиентите можат да се потпрат – со стабилен квалитет, практична примена и сигурна испорака.

Содржините, графичките и техничките решенија изработени од тимот на Club Economy се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови и графичко-техничките решенија е казниво со закон.
Контакт информации
Адреса
Улица: Ул. Ванчо Велев бр. 2, 2000 Штип
Град: Штип
Држава: Macedonia
