Подетално за компанијата
РЕХАУ Дооел Скопје, е една од 170те локации на РЕХАУ Групацијата, присутни во 54 земји низ целиот свет. Во составот РЕХАУ Дооел, се преставништвата во Приштина и Тирана, надлежни за пазарот во Косово и Албанија. Во нашето деловно работење активни сме во областа на: прозорски решенија, решенија за водовод, решенија за греење и ладење во објекти, канализациски и водоводни системи, решенија за производство за мебел, градинарски црева.
Водени од глобалната визија на РЕХАУ, да се создаваат решенија кои ќе го направат животот подобар, успеваме да го одржиме нашето место на пазарот, како понудувач на целосни системски решенија и подршка при проектирање и одржување на истите, секогаш насочени кон потребите на нашите партнери и крајни корисници.
REHAU Window Solutions како All in One Partner oд почетокот на 2025 година го прошири своето портфолио со алуминиумски системи за прозорци во Македонија, со партнерство со компанијата ELVIAL, Грција.
Врската помеѓу REHAU Window Solutions и Elvial создава одлични услови за решенија, кои се ориентирани кон иднината и заеднички успех. Клиентите и партнерите, имаат корист од системските решенија со највисока одржливост со апсолутна врвна технологија и софистицирана естетика.

ARTEVO
Со гордост го претставуваме револуционерниот прозорски профил ARTEVO!
Симбиозата меѓу докажаниот high-tech материјал RAU-FIPRO X и извонредната технолошка експертиза на REHAU овозможува целосно искористување на потенцијалот на материјалот. Резултатот: врвни перформанси во сите аспекти, со истовремено најефикасна употреба на материјалот – за систем кој е супериорен во секоја смисла.
Или како што ние го нарекуваме: ARTEVO.
Нема шанси за загуби на топлина!
Голем дел од сите ARTEVO елементи се изведени без челична арматура, со што воопшто не може да дојде до создавање на неповолни топлински мостови кои ненамерно ја одведуваат топлината. Со откажувањето од челик, ARTEVO профилите постигнуваат Uf-вредности до 0,97 W/(m²K). Големите стаклени површини дополнително овозможуваат соларни добивки на енергија.
ВИДИ ПОВЕЌЕ ЗА ARTEVOSYNEGO
PVC профил за прозорци и врати
Со СИНЕГО, Вашиот дом станува топол, пријатен и безбеден: Во споредба со актуелните стандардни прозорци, SYNEGO може да достигне до 50 % поголема топлинска изолација со Uw вредност до 0,65 W / m²K.


SYNEGO Slide
Профили за лизгачки прозорци и врати
Повеќе простор за живеење.
Кога го планирате вашиот станбен простор - без оглед дали станува збор за нова градба или реновирање – имате можност да создадете повеќе простор со модерен концепт за живеење. Лизгачките прозорци, изработени со профилот СИНЕГО СЛАЈД (SYNEGO SLIDE) овозможуваат прозорски отвори, кои заштедуваат простор, истовремено создавајќи одличен спој помеѓу внатре и надвор. Притоа се исклучително лесни движење.
ВИДИ ПОВЕЌЕ ЗА SYNEGO Slide ПРЕВЗЕМИ КАТАЛОГRAU FIPRO X
RAU FIPRO профил за прозорци и врати
RAU FIPRO X e создаден од композитен материјал, засилен со стаклени влакна. На тој начин, прозорските елементи достигнуваат стабилност и на висина од 2,80 м и може да се реализираат функционално и безбедно.
Резултат: уште повеќе природна светлина и поголема архитектонска слобода за пријатно чувство за домот. Исклучително тенките профили дополнително ги зголемуваат прозорските површини.


ESSENSE W67 HI²
ESSENSE W67 HI² прозорскиот профил е елегантен колку што може да биде алуминиумски профил и е исклучително сигурен. Тој е најдобро решени, кога од најголема важност се флексибилноста и доверливоста.
Со прозорците, направени од Essence W67 HI², она што треба да се чува надвор - бучава, вода, ветер - се чува надвор. Она што е внатре е безбедно и здраво. Ова е местото каде што ги поставуваме нашите граници и ги одржуваме непроменети. Перформансите на W67 HI² по сите фактори кои влијаат на внатрешното опкружување, се сертифицирани од Институтот Ift Rosenheim во Германија.
ВИДИ ПОВЕЌЕ ЗА ESSENSE W67 HI²ICONIC W77 AI²
ICONIC W77 AI2 е алуминиумски профил со најнапредни технологии во однос на енергетската ефикасност, дихтување и безбедност, создавајќи дизајнерски решенија за иконски архитектонски проекти.
Профилот е неспоредлив во својата класа, по енергетски карактеристики, неприкосновен и непропустлив. Направен е комплетен и разноврсен за да можете да го направите прекрасен. Перформансите на ICONIC W77 AI² по сите фактори, кои влијаат на внатрешното опкружување се извонредни и сертифицирани од Институтот Ift Rosenheim во Германија.


ELVIAL W59 SI² CE
ELVIAL W59 SI² CE е алуминиумски профил одговара на предизвиците со кои се соочува секој инвеститор при планирање на градба што мора да издржи голема разновидност на климатски услови и начини на живот. Дождливите есенски ноќи, жешките температури и метежот на метрополите бараат решение кое е стилско, разновидно и издржливо.
Замислете место каде новитетите и традицијата коегзистираат во прекрасна хармонија, каде сè се мери според тоа како се постигнува рамнотежа меѓу спротивставени елементи и каде она што го замислувате може да се реализира и сподели со заедницата.
Ова е инспирацијата од која произлезе создавањето на W59 SI
Изложбен салон на REHAU Скопје
РЕХАУ Дооел Скопје, е една од 170те локации на РЕХАУ Групацијата, присутни во 54 земји низ целиот свет. Во составот РЕХАУ Дооел, се преставништвата во Приштина и Тирана, надлежни за пазарот во Косово и Албанија. Во нашето деловно работење активни сме во областа на: прозорски решенија, решенија за водовод, решенија за греење и ладење во објекти, канализациски и водоводни системи, решенија за производство за мебел, градинарски црева.
Добредојдовте на виртуелната тура на REHAU производите – иновативен начин да ги откриете најквалитетните REHAU решенија, а пред сè прозорските системи достапни на пазарот во Македонија.
Без разлика дали градите, реновирате или само ги истражувате можностите, сега можете од удобноста на вашиот дом да се запознаете со REHAU профилите и системите кои комбинираат германска прецизност, модерен дизајн и врвна енергетска ефикасност.
Преку интерактивната тура, имате можност детално да ги разгледате нашите најбарани системи, како што се:
ARTEVO – повеќекратен добитник на меѓународни награди како што се Red Dot Design Award, German Design Award, Iconic Award…
SYNEGO – за топлина, сигурност и тивка атмосфера во вашиот дом. Секој систем е претставен преку 3D прикази, технички спецификации и видео материјали, за да можете да донесете издржана одлука за најдобро решение за вашиот простор.
Кликнете и зачекорете во светот на REHAU производите – таму каде што се среќаваат дизајнот, функционалноста и долготрајноста.
Контакт информации
Адреса
Улица: Ул. 32 бр. 10
1041 Скопје
Град: Скопје
Држава: Macedonia
