Filters
Пребарување
ТАС КОМЕРЦ

ОСНОВНА ДЕЈНОСТ

ХАРТИЈАТА Е НАШАТА РАБОТА

ТАС КОМЕРЦ е компанија која произведува висококвалитетна хартија што ги исполнува врвните европски стандарди. Ние сме водечки производител на хартија за плотер во Македонија.

- Хартија за пакување
- Хареиени аголници за палетирање
- Хартија за пакување храна
- Хартиени кеси
- Крафт хартија
- Хартија за печатење на весници

tas-komerc-clubeconomy

Со гордост го најавуваме почетокот на сопственото производство на картонски агли – протектори, први во Македонија!

Нашите картонски агли се практично и ефикасно решение за заштита и стабилизација на стоката при палетирање, транспорт и складирање. Тие ги штитат рабовите на производите од оштетувања и овозможуваат постабилен и посигурен товар на палетата.

Нудиме:

✔️ Различни димензии и дебелини ✔️ Производство по нарачка според потребите на клиентот ✔️ Висококвалитетен материјал и сигурна заштита ✔️ Решенија за различни типови производи и палети ✔️ Домашно производство и флексибилна испорака
tas-komerc-clubeconomy

Идеални за заштита на палети, мебел, стакло, градежни материјали, бела техника, метални производи и други производи при транспорт и складирање.

Соработуваме со компании од различни индустрии и обезбедуваме решение прилагодено на нивните потреби.

Заштитете ја вашата стока уште пред да тргне на пат.

Подетално за компанијата

ХАРТИЈАТА Е НАШАТА РАБОТА

ТАС КОМЕРЦ е современа, агилна и иновативна компанија од Штип, со повеќе од три децении искуство во производство на хартија. Посветени на квалитетот, развојот и постојаното унапредување, континуирано инвестираме во нови технологии и производни капацитети, создавајќи производи што ги исполнуваат високите европски стандарди.

Со долгогодишно присуство на македонскиот и европскиот пазар, успешно одговараме на потребите на различни индустрии, обезбедувајќи квалитетни производи, сигурно снабдување и навремена испорака.

tas-komerc-clubeconomy

Нашата понуда опфаќа широк спектар на производи за различни намени:

• Хартија за плотер

• Хартиени аголници – протектори за палетирање

• Хартија за пакување

• Хартија за пакување храна

• Хартиени кеси

• Крафт хартија

• Хартија за печатење весници

ТАС КОМЕРЦ е водечки производител на хартија за плотер во Македонија, а со проширувањето на производната програма создаваме практични и ефикасни решенија за пакување, заштита и секојдневните потреби на бизнисите.

tas-komerc-clubeconomy

ГО САКАМЕ ОНА ШТО ГО РАБОТИМЕ

За нас, производството на хартија е повеќе од работа – тоа е знаење, искуство и посветеност што ги вложуваме во секој производ.

Од суровина до финален производ, секој чекор од процесот е насочен кон прецизност, постојан квалитет и одговорно користење на ресурсите. Создаваме хартиени производи на кои клиентите можат да се потпрат – со стабилен квалитет, практична примена и сигурна испорака.

tas-komerc-clubeconomy
Содржините, графичките и техничките решенија изработени од тимот на Club Economy се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови и графичко-техничките решенија е казниво со закон.

Контакт информации

Адреса

Улица: Ул. Ванчо Велев бр. 2, 2000 Штип
Град: Штип
Држава: Македонија


Телефони

+389 (0)32/383 946

+389 (0)32/522 347 - производство

+389 (0)78/246 444

Социјални медиуми

Лице за контакт




Мапа