Filters
Пребарување
БУЧЕН КОЗЈАК доо
Тел:  +389 (0)31/475 230 - Администрација
Club economy

ОСНОВНА ДЕЈНОСТ

Компанијата БУЧЕН КОЗЈАК се занимава со преработка на млеко и производство на млечни производи

- Производство на пастеризирано млеко, јогурт и урда
- Производство на кравјо и овчо кисело млеко
- Производство на сирење и кашкавал

Квалитетни млечни производи направени од свежо млеко без никакви додатоци!

СЕРТИФИКАТИ

ISO 9001 : 2015

HACCP

HALAL

БУЧЕН КОЗЈАК доо

Подетално за компанијата

ПРЕПОРАЧАНО ОД ЗДРУЖЕНИЕ НА ПЕДИЈАТРИ

Здружението на педијатри на Македонија, врз основа на спроведени сопствени истражувања, донесе одлука да го додели знакот “Препорачано од Здружението на педијатри на Македонија“ на компанијата „Бучен Козјак“.

bucen-kozjak-clubeconomy

Подетално за компанијата

Природниот вкус на производите е тоа што ја направи млекарница препознатлива на пазарот. Долгогодишното постоење на “Бучен Козјак” зборува за дисциплинираноста во работењето, а сето тоа е препознаено од страна на потрошувачите и е наградено со нивната доверба. Она што Бучен Козјак го прави препознатлив бренд е производството на квалитетни млечни производи кои се создаваат со успешена комбинација на традиционалното знаење и најновите технолошки трендови, а сето тоа спроведено во креативна работна атмосфера.

Бучен Козјак ја негува својата политика за квалитет, посветено работи кон остварување на поставените цели и се стреми кон усовршување на производствените капацитети и персоналот, како и унапредување на работната атмосфера.

Потврда на тоа се многубројните награди, признанија и благодарници од разновидни институции и независни агенции кои вршат анализа на пазарот.

bucen-kozjak-clubeconomy
bucen-kozjak-clubeconomy

НАШАТА ВИЗИЈА И МИСИЈА

Мисија: Менаџментот и вработените настојуваат да произведуваат висококвалитетни млечни производи кои што ќе им овозможат на крајните кориснци да ги задоволат своите потреби, а при тоа да консумираат природни и на традиционален начин подготвени производи.

Визија: Тенденција за преструктурирање во компанија со докажани брендирани производи, кои што ќе им овозможат на потрошувачите здрав начин на исхрана.

Со својата долгогодишна традиција, препознатлив вкус и проверен квалитет, млекарата Бучен Козјак претставува синоним за производство на киселомлечни производи.

СОВРЕМЕН ТЕХНОЛОШКИ ПРОЦЕС

Технолошкиот процес на преработка на млекото се одвива според најсовремени правила и прописи. Професионалната контрола, спроведувана од најсовремено обучени кадри во нашата компанија обезбедува производство на високо квалитени млечни преработки и производи.

Содржините, графичките и техничките решенија изработени од тимот на Club Economy се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови и графичко-техничките решенија е казниво со закон.

Контакт информации

Адреса

Улица: Ул. Козјачка бр. 11,
Населба Доброшане, 1300 Куманово
Град: Куманово
Држава: Македонија


Телефони

 +389 (0)31/475 230 - Администрација

+389 (0)75/320 095 - Нарачки

Социјални медиуми

Лице за контакт




Мапа