Filters
Пребарување
БИОИНЖЕНЕРИНГ доо

Развој, проектирање, производство и монтирање на прочистителни станици за третман на фекални и индустриски отпадни води (со мал, среден и голем капацитет)
 
 

Истражувачкиот центар врши рутински микробиолошки анализи на вода, храна, козметички производи, земја, компост и микробиолошки ѓубрива, спроведува молекуларни метагеномски анализи и разрешува најразлични индустриските проблеми

Подетално за компанијата

СЕКТОР ЗА ЕКОЛОГИЈА

Биоинженеринг доо е основана во 1998 година, како приватна компанија специјализирана за проектирање, производство и монтирање на прочистителни станици за третман на фекални и индустриски отпадни води (со мали, средни и големи капацитети). Биоинженеринг доо се бави и со истражување и развој на нови технологии за третман на отпадни води, подобрување на постоечки технологии за третман на отпадни води, истражување, развој и производство на биолошки препарати кои имаат широка примена во здраството, земјоделието, шумарството и заштитата на животната средина. Во изминантиот период Биоинженеринг доо активно учествува и во работата на голем број европски научно-истражувачки проекти финансирани од програмата FP-5, FP-6 и FP-7. За резултатите од повеќегодишната успешна работа има добиено голем број признанија и награди.

Биоинженеринг доо развива еколошки безбедни решенија за разрешување на проблемите со отпадните води од различни индустриски гранки, земјоделски стопанства, станбени и урбани комплески, управување со опасен отпад и ревитализација на загадени површини. Во своите производи Биоинженеринг користи природни бактериолошки формули на аеробни и анаеробни микроорганизми. Следејќи ги принципите на микробиологијата и биотехнологијата, компанијата развива нови процеси за обработка на индустриски и урбани отпадни води, а воедно се грижи и помага во унапредувањето на работата на постоечките системи, подобрувајќи ја ефикасноста на старите, применети, технологии со примена на соодветни комбинации на мешани микробни култури и соодветна (био) технологија.

bioinzenering-clubeconomy

ТЕХНОЛОГИЈА

Биоинженеринг доо има развиено технологии за напреден третман и процесирање на отпадни води (Технологии базирани на био-аугментација ТББ, и Технологии базирани на селектирани микроорганизми ТБСМ). Овие технологии се искористуваат во нашире прочистителни станици од типот БИГ-Г® и БИГ-МФ®. Предноста на овие технологии е во нивната голема ефективна работа во однос на класичните биолошки системи, и воедно може да биде аплицирана и во веќе постоечки инфраструктури наместо да бидат градени нови. Од ова проезлегуваат огромни инвестирачки заштеди во кои индустриите не мора да инвестираат огромни суми за изработка на нови габарити, т.е можат да ги користат постоечките и воедно да го добијат посакуваниот резултат од третманот на отпадната вода.

bioinzenering-clubeconomy

БИГ-Г

Моделите БИГ-Г® 10-1000 на пречистителни станици се составени од еден базен (унитенк). Во самиот базен има три сегменти за третман на отпадната вода: биолошки третман (биозона-нитрификација и денитрификација) и сегмент за таложење на хумусот (тинњата).

bioinzenering-clubeconomy
bioinzenering-clubeconomy

БИГ-МФ

БИГ-МФ© прочистителни станици за третман на индустриски и комунални отпадни води. Оваа технологија всушност преставува надградување на предходната БИГ-Г©. За таа цел се применува микрофилтрациони мембрани при терциерниот третман на отпадните води. Со оваа технологија се добива висок квалитет на прочистена отпадна вода (блиску до нивото од И категорија).

СЕКТОР ЗА ГЕНЕТИКА

Биоинженеринг доо помогнат од Фондот за иновации и технолошки развој, во соработка со Специјалната болница „Филип Втори” со голема гордост ја отвори Лабораторијата за генетика и персонализирана медицина. Лабораторијата е лоцирана во новата болница „Филип Втори” и во неа се нуди нов и оригинален пристап во медицината, со третмани базирани врз најновите геномски технологии во високо професионална средина.

Оваа нова стратегија на практикување на медицината ќе овозможни откривање на болестите во нивниот најран стадиум, уште пред да се појават нејзините први симптоми. Оваа промена во пристапот од реактивна до проактивна грижа за пациентите ја прави нашата лабораторија лидер во начинот на којшто медицината денеска треба да се практикува.

bioinzenering-clubeconomy

Персонализирана генетика – секвенционирање на геном и егзом

bioinzenering-clubeconomy

ИСТРАЖУВАЧКИ ЦЕНТАР ЗА МИКРОБИОЛОГИЈА И БИОТЕХНОЛОГИЈА

Истражувачкиот центар врши рутински микробиолошки анализи на вода, храна, козметички производи, земја, компост и микробиолошки ѓубрива, спроведува молекуларни метагеномски анализи и разрешува најразлични индустриските проблеми.

Анализи кои ги врши Истражувачкиот центар за микробиологија и биотехнологија:

bioinzenering-clubeconomy
Содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови и графичко-техничките решенија е казниво со закон.

Контакт информации

Адреса

Улица:
КАНЦЕЛАРИЈА
Ул. Иван Аговски бр. 7-1, 1000 Скопје

ЛАБОРАТОРИЈА СЕКТОР ЗА ГЕНЕТИКА
Ул. Бледски договор бр. 8, Скопје

ЛАБОРАТОРИЈА ИСТРАЖУВАЧКИ ЦЕНТАР
Бул. АВНОЈ бр. 94/2/1, Скопје
Град: Скопје
Држава: Македонија


Телефони

+389 (0)2/3070 369

+389 (0)2/3091 500 - Лабораторија, Сектор за генетика

+389 (0)2/3091 499 - Лабораторија, Сектор за генетика

+389 (0)2/2443 993 - Лабораторија Истражувачки центар

+389 (0)70/45 45 69

+389 (0)70/26 03 44

Социјални медиуми

Лице за контакт




Мапа

Документи