Подетално за компанијата
Banjet Resort & Spa
На надморска височина од 880 метри, во срцето на планински појас исполнет со високи борови, е сместено најстарото одморалиште во регионот со име БАНЏИСТ. Тивката и релаксирачка атмосфера е само еден сегмент што го нуди овој комплекс. Во Дебарски Бањи- ЦАПА посветивме посебно внимание на нашите медицински услуги со термо-минерални води, нудејќи ви многу активности за да ве одржат во форма и да го регенерираат вашето здравје.
Со почит кон историјата и традицијата, како и да не се наруши убавината и хармонијата, БАНЏИСТ го задржа својот традиционален архитектонски изглед. Внатре во одморалиштето нуди модерно и луксузно сместување за краток или подолг период.


Хотел КОСОВРАСТ & SPA
Косоврасти е модерно одморалиште со вкупен капацитет од 75 соби, со поглед на Дебарското Езеро. Зачудувачки пејсажи, езерото и кањон на реката Радика, го прават ова одморалиште соодветно место за релаксирачки и за незаборавни моменти.
Термалната вода богати со здравје и живот, со векови ги докажува своите магични способности во лекување и третман на многу болести. Медицинскиот персонал применува стари природни методи во комбинација со најновите научни иновации за да се постигне најдобар третман. Посебно внимание е посветено на мотивацијата на гостите за активно и континуирано учество во програми за следење и активности планирани за нив.
Аква Спарк - Косовраст
Секој ден е лето во АКВА СПАРК, бидејќи можете да уживате во термичките базени во лето и во зима. Овој воден парк гарантира неограничена забава и релаксација и за возрасни и за деца. Достапно е за надворешни посетители и за гостите кои престојуваат во хотелот КОСОВРАСТ.
Гостите можат да уживаат во прекрасниот пејсаж на езерото и реката Радика седејќи на терасата на која се сервира храна и пијалаци, како и да се релаксираат со другите содржини што ги нуди АКВА СПАРК: масажа, шведска сауна, инфрацрвена сауна, парна бања и џакузи.


Вила Велнес
Девет нови куќи – бунгалови, со сопствен паркинг. Секоја има две спални соби. Приватен базен и приватна тераса од 16 м². Идеално место за семејство.
Хотел ВЕНЕЦ - Дебар
Првиот хотел во градот Дебар со над 40 години традиција. Во центарот на градот. Категоризиран со 3 sвезди, хотелот има 15 соби, сите реновирани и модерно уредени. Хотелот има летна тераса, ВЕНЕЦИЈА, која има богата традиција и уникатна кујна со храна од овој регион.

Контакт информации
Адреса
Улица: Ул. 8ми Септември бр. 9, 1257 Дебар
Град: Дебар
Држава: Македонија
