Filters
Пребарување
АНГРОВАРДАР дооел

ОСНОВНА ДЕЈНОСТ

Компанијата АНГРОВАРДАР се занимава со производство на:

Палети
Брикети
Пелети
- Кошеви за земјоделски производи
- Сандаци за транспорт
- Подметачи
- Секаков вид производи од дрво по барање на купувачите

СЕРТИФИКАТИ

ISO 9001:2008
ISPM 15 (FAO, 2002)- Сертификат за термички третман на дрвото 

АНГРОВАРДАР дооел

Подетално за компанијата

Подетално за компанијата

АНГРОВАРДАР

АНГРОВАРДАР ТОДОР дооел ВЕЛЕС e компанија за производство на: палети, енергетски брикети, пелети, кошеви за земјоделски производи, сандаци за транспорт, подметачи и секаков вид производи од дрво по барање на купувачите.

Развојот на друштвото започнува во 1990 година кога е формирано со приватен капитал на сопственикот Тодор Маџаров. Обезбедувајќи сопствени средства во 1994 година фирмата ја проширува дејноста, специјализирајќи се во изработка на дрвена амбалажа, а од 2013 година започна со производство на брикети и пелети.

Денес АНГРОВАРДАР располага со голем производен капацитет. Ги задоволуваме барањата на пазарот со годишно производство од 150.000 разни видови палети. Бројот на вработени се движи од 30 до 35 обучени работници.

angrovardar-clubeconomy
angrovardar-clubeconomy

СЕРТИФИКАТИ

Следејќи ги глобалните промени кои настануваат во меѓународното работење и европските стандарди, за да можеме да им излеземе во пресрет на нашите купувачи, инвестиравме во опрема за термички третман на дрвото. Денес го имаме сертификатот за термички третман на дрвото по меѓународниот стандард за фитосанитарни мерки ISPM 15 (FAO, 2002). Со овој сертификат секоја наша палета може слободно да се движи надвор од границите на Македонија.

angrovardar-clubeconomy

ПРОИЗВОДСТВО НА БРИКЕТИ И ПЕЛЕТИ

АНГРОВАРДАР произведува брикети и пелети од 100% букова пилевина. Брикетите и пелетите се со висока калорична вредност и се екстра квалитетна класа. Брикетите се со призматична форма, со правоаголен попречен пресек, со заоблени агли на пресекот и кружен отвор во средината. Топлотната вредност на брикетите е 18.180 kj/кг, а се продаваат во вакуумско пакување од 6 парчиња брикети, со тежина меѓу 10 и 11,5 кг. Пелетите се пакувани во вреќи од 15 килограми и имаат топлотна вредност од 18.230 kj/кг.

angrovardar-clubeconomy
Содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови и графичко-техничките решенија е казниво со закон.

Контакт информации

Адреса

Улица: Ул. Андон Шурков бб, 1400 Велес
Град: Велес
Држава: Македонија


Социјални медиуми

Лице за контакт

Г-ѓа Марија +389 (0)71/213 163
Г-ѓа Катерина +389 (0)70/299 976


Мапа

Документи