ГРАДЕЖНИШТВО И ХИДРОТЕХНИКА
ВНАТРЕШНО УРЕДУВАЊЕ
УРБАНИЗАМ
Подетално за компанијата
АКВА-ИНГ е приватна компанија, формирана 1995 година, во Штип. Почнавме да работиме во доменот на хидротехниката, со проектирање и инженеринг на системи за водоснабдување, наводнување, третман на води, изградба на базени и фонтани.
Денес сме компанија која е присутна во сите сфери на проектирањето. Работиме како архитектонско – проектантско студио на проекти во високо и ниско градба, проекти од хидротехника, изработка на елаборати за животна средина, надзор...
Во нашата листа на реализирани проекти се вбројуваат клиенти од различен профил, од физички лица, приватни компании, па се до општински проекти и проекти од државен интерес.


Со стекнување на искуството низ годините, како и зголемувањето на тимот и побарувачката од клиентите, АКВА-ИНГ го прошири опсегот на работа, како и опфатот на делување, па од локална фирма станавме компанија присутна на градежниот пазар во цела држава. АКВА-ИНГ денес може да се пофали дека има проектирано голем број индивидуални станбени куќи, станбени згради, индустриски објекти, успешно реализирани реконструкции на постоечки објекти, како и проектирање на структури од патната инфраструктура.
Нашите вработени и надворешни соработници се докажани во своите области и во секој момент се подготвени да ги реализираат и најсложените барања на клиентите. Денес може да кажеме дека поголем сегмент од активностите на АКВА-ИНГ се насочени кон инженеринг и консултански услуги, проектирање и надзор на објекти.

Контакт информации
Адреса
Улица: Ул. Пиринска бр. 148 а, 2000 Штип
Бул. Партизански одреди бр. 19, 1000 Скопје
Град: Штип
Држава: Македонија
