Filters
Пребарување
ЗЕМПРОМЕТ КОМПАНИ

ОСНОВНА ДЕЈНОСТ

ЗЕМПРОМЕТ КОМПАНИ се занимава со продажба на градежни материјали

- Овластен застапник за бугарски цемент ДЕКЕН и за керамиди и блокови од МЛАДОСТ - Србија
- Производство на бетонски столбови и бетонски блокови
- ПВЦ и алуминиумска градежна столарија 

ЗЕМПРОМЕТ КОМПАНИ

Подетално за компанијата

Подетално за компанијата

ЗЕМПРОМЕТ КОМПАНИ

ЗЕМПРОМЕТ КОМПАНИ е формирана во 1998 година. Компанијата е веќе етаблирана на македонскиот пазар, со тоа што нуди широка палета на градежни материјали, односно се што Ви е потребно за изградба на современ станбен или деловен објект.

zempromet-kompani-clubeconomy

ГРАДЕЖНА СТОЛАРИЈА

ЗЕМПРОМЕТ КОМПАНИ произведува и монтира исклучително квалитетна ПВЦ и алуминиумска градежна столарија која ги задоволува и најстрогите стандарди за термичка и звучна изолација, како и за безбедност и издржливост. Во рамките на оваа програма изработуваме и алуминиумски огради, систем кој се приспособува на Вашите потреби, при што монтажата ја изведува стручниот тим на ЗЕМПРОМЕТ КОМПАНИ.

zempromet-kompani-clubeconomy
zempromet-kompani-clubeconomy

ЦЕМЕНТ

ЗЕМПРОМЕТ КОМПАНИ е застапник за македонскиот пазар на бугарскиот цемент ДЕКАН, како и на целата палета лепила за плочки од оваа фабрика. Во секое време располагаме со богата палета на изолациони стиропори и ITONG блокови. Во нашата понуда на градежни материјали е опфатена и програмата за сува градба, имаме голем избор на гипс картони со сите потребни профили и други материјали за нивна монтажа.

zempromet-kompani-clubeconomy
zempromet-kompani-clubeconomy

ЗАСТАПНИЦИ

ЗЕМПРОМЕТ КОМПАНИ е застапник и на македонскиот пазар ги увезува производите на компанијата МЛАДОСТ од Лесковац, која опфаќа повеќе видови керамиди, блокови за изградба на ѕидови со различни димензии, потоа гитер цигли, каналници и ред други производи потребни во современото градежништво.

Контакт информации

Адреса

Улица: Ул. Климент Охридски бр. 13 В,
2400 Струмица
Град: Струмица
Држава: Македонија


Социјални медиуми

Лице за контакт

Драганчо Јанев


Мапа