Filters
Пребарување
ВИАТОР & ВЕКТОР доо
Тел: +389 (0)2/2445 761 - транспорт
Е-пошта: info@viator-vektor.mk
Club economy

ОСНОВНА ДЕЈНОСТ

МЕЃУНАРОДНА ШПЕДИЦИЈА

- Збирен транспорт
- Складирање
- Царинење

viator-vektor-clubeconomy
viator-vektor-clubeconomy
viator-vektor-clubeconomy
viator-vektor-clubeconomy

ЗАИНТЕРЕСИРАНИ СМЕ ЗА СОРАБОТКА СО:

Фирми на кои им се потребни услуги во шпедиција, транспорт и царинско посредување

ВИАТОР & ВЕКТОР доо

Подетално за компанијата
65+

години искуство

15+

царински испостави низ цела Македонија

75+

вработени

10.000 м² +

складишен простор

Што не прави различни од другите?

Љубезни и високо обучени вработени

Доверливи меѓународни партнери

Флексибилност

Широка мрежа на испостави

СЕМ – Сè на Едно Место, комплетно портфолио на логистички услуги

Транспорт → Pallet Network → Складирање → Царинење →

Подетално за компанијата

ИСТОРИЈА

Виатор & Вектор ДОО Скопје е една од најстарите, водечки логистички компании во Македонија. Нејзините почетоци датираат уште од 1947 кога во Белград, Југославија беше основана компанијата Траншед Белград. Во 1961 година компанијата ја отвора својата прва испостава на територијата на Република Македонија во Гевгелија, а по осамостојувањето, компанијата се реструктуира во Траншпед Македонија. Во 2008 година истата беше превземена од Виатор & Вектор Љубљана, Словенија. Компанијата во 2013 година преминува во целосна македонска приватна сопственост и оттогаш е присутна под брендот Виатор & Вектор ДОО Скопје.

ДЕНЕС

Виатор & Вектор Скопје има 75 вработени со исклучително професионално искуство, способни за извршување на услуги од областа на логистиката, како на македонскиот така и на пазарите низ југоисточна Европа. Во своето портфолио компанијата нуди модерни логистички решенија во кои спаѓаат: шпедитерски услуги, царински и транзитни процедури, организација на транспорт, царинско складирање и дистрибуција. Со 15 испостави на територијата на Македонија и повеќе од 21 милион евра бруто годишен промет Виатор & Вектор Скопје претставува доминантна компанија во областа на логистиката, обезбедувајки услуги на компании во секој бизнис сегмент од економијата.

clubeconomy

УСЛУГИ

Виатор & Вектор во своето портфолио опфаќа комплетни улуги од областа на логистиката. Огромната доверба и искуство стекнато низ годините, во комбинација со високо мотивирани, професионални кадри резултира со извонредна соработка со многу реномирани домашни и странски компании. Нашата визија е понуда на квалитетни и ефикасни логистички решенија како:

  • Организација на сите типови на транспорт;

  • Шпедиција и царинско застапување;

  • Магацинска логистика, складирање на царински и домашни стоки

viator-vektor-clubeconomy

ТРАНСПОРТ

viator-vektor-clubeconomy

V&V Pallet Network

Продуктот V&V Pallet Network е наменет за помали палетизирани збирни пратки до 2.500 кгр. со максимална висина од 220 цм. За потребите на V&V Pallet Network заедно со нашите партнери имаме развиено широка мрежа на збирни центри низ Европа.

Главни карактеристики на продуктот V&V Pallet Network се:

  • Дневна колекција. Превземање на пратка во рок од 24/48 часа по прифаќање на понудата за превоз и добивање на инструкции за истиот.

  • Навремена достава. Подразбира пристигнување на пратката најкасно до денот предвиден за пристигнување согласно предвиденото транзитно време дадено во понудата.

  • Насекаде од Европа. Со помош на продуктот V&V Pallet Network можете да ги испраќате или примате Вашите помали збирни палетизирани пратки до 2.500 кгр кон и од сите држави во Европа.

viator-vektor-clubeconomy
viator-vektor-clubeconomy

V&V Cargo Direct

Продуктот V&V Cargo Direct е наменет за поголеми пратки каде што консолидацијата и манипулацијата не се возможни односно истите се неосновани од економски и практичен аспект. V&V Cargo Direct е брзо и флексибилно решение за пратки поголеми од 2.500 кгр.

V&V Cargo Max

Продуктот V&V Cargo Max Ви овозможува да го исполните целиот камион само со Ваша стока и истата да биде превземена од адресата на испраќачот и доставена до бараната адреса. V&V Cargo Max e поволен за масивни пратки и за клиенти кои што имаат големи количини на стока. Една од највачните карактеристики на овој продукт е ангажирањето на возила кои одговараат на највисоките стандарди во модерната логистика: одговорни и точни возачи, 24 часовна достапност на позиција на возилата, следење на возилата со ГПС уреди и ЦМР осигурување.

viator-vektor-clubeconomy
viator-vektor-clubeconomy

V&V SEA Pallet Network

Продуктот V&V Sea Pallet Network е дизајниран на клиентите им понуди поволни цени за испорака на помали пратки во бродскиот транспорт (LCL). Овој продукт го оптимизира работењето така што клиентите може да нарачаат само неколку палети, без притоа да закупат цел контејнер. Со помош на V&V Sea Pallet Network ќе ги избегнете скриените трошоци што многу често знаат да се појават кога превозот е во организација на испраќачите.

V&V SEA Cargo Max

V&V Seа Cargo Max Ви нуди прилагодливи решенија за Вашите поморски, контејнерски транспорти. За поголема заштита Ви нудиме решенија на EXW и FOB паритети со што во секое време имате точна информација за пристигнување на Вашиот контејнер.

viator-vektor-clubeconomy

Домашна Дистрибуција

Виатор & Вектор нуди дистрибуција на нецарински пратки низ цела Македонија по принципот >> врата до врата <<. За потребите на нашето работење, пред се заради продуктот V&V Pallet Network, како и дополнителните услуги во магацинската логистика, имаме поставено дистрибутивна мрежа за достава и колекција на пратки низ цела Македонија со Express 24 и Economy 48 услуга за домашна дистрибуција во зависност од брзината на достава (24/48 часа).

viator-vektor-clubeconomy

ШПЕДИЦИЈА И ЦАРИНСКО ЗАСТАПУВАЊЕ

Виатор & Вектор Скопје има долгогодишна традиција во царинското застапување и транзитната постапка. Со вкупно 47 лиценцирани царински застапници од страна на Царинска Управа на Република Македонија, 15 испостави низ цела Македонија и со изготвени повеќе од 60.000 царински декларации Виатор & Вектор Скопје е една од најголемите шпедитерски компании во областа на царинското застапување во Македонија. На нашоте клиенти им нудиме комплетни услуги на царинско застапување како:

Лидери во областа на шпедицијата и царинското застапување!

  • Редовен увоз и извоз, привремен увоз и извоз, реекспорт;

  • Царински постапки за облагородување;

  • Поедноставени постапки за локално царинење;

  • Изработка на домашни и меѓународни транзити;

  • Пријавување и сместување на стока во царинско складиште;

  • Извршување на царински постапки во слободните економски зони.

Нашата мрежа на испостави, од кои 6 се гранични, Ви овозможува изработка на секаков вид на транзит на стока 24/7/365. Покрај услугите за транзит од граничен премин на Република Македонија до внатрешна царинска испостава, на нашите клиенти и превозници им нудиме меѓународен транзит со што се овозможува полесно и побрзо движење на стоката, со поднесување на единствена транзитна декларација во електронска форма во местото на поаѓање која важи сè до местото на одредиште во рамките на договорните страни на конвенциите (NCTS)..

viator-vektor-clubeconomy

СКЛАДИРАЊЕ

Виатор & Вектор нуди широк спектар на услуги од областа на магацинската логистика. За нашите клиенти обезбедуваме можности за складирање на царинска и домашна стока, како и сите поврзани операции како што се манипулација (утовар/истовар/претовар), прием, чување и отпрема на стоки.

Како дополнување на класичните логистички услуги, нудиме и операции со додадена вредност како, прием и контрола на квалитет, сортирање, етикетирање, комисионирање, пакување и достава. Со Виатор & Вектор како Ваш логистички партнер добивате модерни логистички решенија прилагодени по Вашите потреби.

viator-vektor-clubeconomy
Содржините, графичките и техничките решенија изработени од тимот на Club Economy се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови и графичко-техничките решенија е казниво со закон.

Контакт информации

Адреса

Улица: Бул. АСНОМ бр. 74 б,
1000 Скопје
Град: Скопје
Држава: Македонија


Телефони

+389 (0)2/2445 761 - транспорт

+389 (0)2/2445 764 - транспорт

+389 (0)2/2445 759 - царинење

+389 (0)2/2445 763 - складирање

Социјални медиуми

Лице за контакт

Никола Маџаревски +389 (0)70/234 271
Марија Митовска +389 (0)71/262 113
Влатко Петров +389 (0)71/262 133


Мапа

Документи