B2B
15 Прашања за Душан Попевски, менаџер на ПОПЕ КОМПАНИ, Скопје

Кој Ви е главниот мотив во менаџерската професија?

Остварување на поставената ЦЕЛ.

На работа сте осамен волк или капитен на тимот?

Капитен на тимот составен од добри играчи.

Кој лик е поблизок до идеалниот менаџер: на татко или на војсководец?

Војсководец, идеализиран во ликот на Александар Македонски, главен менаџер на Македонската фаланга.

Може ли по default да се каже дека сите менаџери се „ворхохолици“?

Може, па затоа најдобро е да се побара побрзо „лек” за овој проблем, кој може да биде дружба, спорт, прошетка во природа... 

Се чуствувате ли и Вие така?  

ДА, Затоа превземам мерки одговорот да се промени во НЕ.

Зголемениот адреналин од работењето под dead line притисокот за Вас е слатко задоволство или фрустрација?

Беше слатко, сега е горчливо и кисело, а се борам да не помине во фрустрација.

Дали мислите дека имате поизразени натпреварувачки амбиции и колку тие се пресудни за успешноста на бизнисот?

Јас светот го разбирам како поле за натпревар... рече Г. Д. и мислам декатоа е многу пресудно за успех на секое поле, па и во бизнисот.

Конкуренцијата – пријател или непријател?

Ние ги сметаме за пријатели.

Омилено бизнис мото или народна мудрост на која често се потпирате?

Live Life & Keep Walking.

Како „пливате“ кога не сте менаџер, односно колку е цврста границата меѓу бизнисот и Вашето семејство?

Нема граница, ние сме исто како големото ЕУ семејство, со таа разлика што ние нема да се распаднеме. 

Во атмосферата на кој ресторан се чувствувате свој?

Меана Два брата - Лисиче.

Страствено или пасивно следите спорт? Кој?

Спорт во кој настапуваат нашите Национални репрезентации го следам секогаш страствено .

Филм или театар?

Филм бидејќи одвреме навреме гледаме дома, за театар се нема време, но мора да се најде.

Книга за на плажа?

На плажа уживам во поглед кон морето, бранови, музика... За читање може понекогаш списанија или крстозбор.

Како менаџер со искуство, една Ваша порака до идните менаџери...

Работа, работа... од работа никогаш доста!

03.11.2017


Добивај newsletter
Компас