B2B
Владо Стојкоски – директор на ДЕЛМА, Скопје

Кој Ви е главниот мотив во менаџерската професија?

Мотив ми е остварување поголем профит што, пак, од друга страна предизвикува побрз развој на фирмата, подобро платени работници и се разбира позадоволни клиенти.

На работа сте осамен волк или капитен на тимот?

Капитен на тимот.

Кој лик е поблизок до идеалниот менаџер: на татко или на војсководец

И татко и војсководец.

Може ли по default да се каже дека сите менаџери се „ворхохолици“?

Не.

Се чуствувате ли и Вие така?  

Не, не се чуствувам, но работните обврски што се наметнати од страна на странките поради природата на мојата работа ме прават зависник од работа.

Зголемениот адреналин од работењето под dead line притисокот за Вас е слатко задоволство или фрустрација?

Фустрација. Отсуството на планирање кај многу клиенти предизвикува голема фустрација кај мене, но работата мора да се заврши.

Дали мислите дека имате поизразени натпреварувачки амбиции и колку тие се пресудни за успешноста на бизнисот?

Не мене најмногу ме одушевуваaт, убавите решенија и задоволни клиенти.

Конкуренцијата – пријател или непријател?

Пријател - постојано ме држи во форма да размислувам за побрзо, поквалитетно поевтино.

Омилено бизнис мото или народна мудрост на која често се потпирате?

Барајте занимање што ве исполнува, а парите неминовно ќе дојат.

Како „пливате“ кога не сте менаџер, односно колку е цврста границата меѓу бизнисот и Вашето семејство?

Се трудам да не ги пренесувам лошите збиднувања од фирмата, а добрите пак спротивно да ги пренесам.

Во атмосферата на кој ресторан се чувствувате свој?

Рестораните и не ми се најака страна, прошетките со пријателите и фамилијата ме прават најопуштен.

Страствено или пасивно следите спорт? Кој?

Пасивно. Во младоста многу спортував играв ракомет, а до пред десетина години еднаш до два пати играв баскет. Познато е дека луѓето што во младоста многу спортувале, не се интересираат многу за спорт. Има една голема вистина - луѓето што се занимавале со тимски спорт знаат дека само тимот победува, што исто важи и за бизнисот 

Филм или театар?

Театарот го сакам повеке, но се помалку одам, поради презафатеност како на работа така и дома од причина што и сопругата има фирма со двосменско работење а тука се и внуците. 

Книга за на плажа?

За плажа и добра книга немам време поради презафатеност.

Како менаџер со искуство, една Ваша порака до идните менаџери...

Секој човек што стреми да биде добар менаџер треба да поседува три мегусебе врзани зависности. Знаење, работна навика и упорност, како и верување во тимот и постојано надградување.

19.09.2017


Добивај newsletter
Компас