Filters
Пребарување
ВЕНТИЛ ТРЕЈД ИНТЕРНАЦИОНАЛ

ОСНОВНА ДЕЈНОСТ

ВЕНТИЛ ТРЕЈД ИНТЕРНАЦИОНАЛ доо е фирма која повеќе од една деценија се занимава со:

- Трговија
- Проектирање
- Инженеринг
- Изведба на сите видиви машински инсталации за системи за греење, ладење, климатизација, соларни системи, вентилација и водоводна инсталација 

СЕРТИФИКАТИ

ISO 9001 : 2015

ВЕНТИЛ ТРЕЈД ИНТЕРНАЦИОНАЛ

Подетално за компанијата

Подетално за компанијата

ВЕНТИЛ ТРЕЈД ИНТЕРНАЦИОНАЛ

Компанијата ВЕНТИЛ ТРЕЈД ИНТЕРНАЦИОНАЛ е основана во далечната 1999 година, како подружница на реномираната словенечка фирма ИКА, чии темели се поставени уште во1987 година. Благодарение на успешното инкорпорирање на македонскиот пазар во текот на 20-те години, совршенството, квалитетот и задоволните купувачи се единствената цел кон која се стремиме, a за тоа најдобро говори и потврдатa за добивањето на сетификатот ISO 9001.

Основни дејности на нашата фирма се:

  • • Проектирање и изведба на сите видови машински инсталации за системи за греење, ладење, климатизација, соларни системи, вентилација и водоводна инсталација.

  • • Продажба на материјали и опрема за изведување на инсталации за греење, ладење, климатизација, соларни системи, вентилација и водоводна опрема.

  • • Продажба на професионални алати.

ventil-trejd-clubeconomy

ПРОЕКТИРАЊЕ, ИНЖЕНЕРИНГ, ИЗВЕДБА

Mашинството како инженерска дисциплина која ги вклучува законите на физиката за анализа, развој и одржување на механичките системи, заедно со визионерскиот пристап на менаџментот, предводен од тимот на ВЕНТИЛ ТРЕЈД ИНТЕРНАЦИОНАЛ е клучот кон исполнување, изнаоѓање и нудење на широк спектар на современи ефикасни енергетски системи за греење, ладење, вентилација и климатизација (HVAC), кои се од особено значење за дизајнот во изведбата на средните и големите индустриски и деловни објекти.

ventil-trejd-clubeconomy

ТРГОВИЈА

Со цел да ги задоволиме потребите на нашите клиенти сите овие години постојано ја прошируваме нашата палета на производи, следејќи ги новитетите на пазарот, за што остваривме долгогодишна соработка со светските познати брендови, како што се: BOSCH, GRUNDFOS, POLIX, GIACOMINI, TA IMI HYDRONICS, RAGALL, EURO HEAT, L'ISOLANTE K- FLEX, BPS CLIMA, IBP BANNINGER, AQUASYSTEM,CTC,... и многу други.

ventil-trejd-clubeconomy

УСЛУГИ

  • • Монтирање

  • • Сервис

  • • Транспорт

ventil-trejd-clubeconomy

Се надеваме дека со горе наведеното веќе добивте слика за сериозноста и успешноста на ВЕНТИЛ ТРЕЈД ИНТЕРНАЦИОНАЛ, компанија која цврсто стои зад сите своите инсталации, гаранции и квалитет.

Содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови и графичко-техничките решенија е казниво со закон.

Контакт информации

Адреса

Улица: Ул. Првомајска бб, Пинтија, 1050 Скопје
Град: Скопје
Држава: Македонија


Социјални медиуми

Лице за контакт




Мапа

Документи