Подетално за компанијата
Лидер на македонскиот пазар
ТРАНЗИТ дооел е формиранa во 1993 година. Дваесет и седум годишното искуство, целосниот фокус и посветеност на продажбата на гуми, ја вбројуваат ТРАНЗИТ меѓу лидерите на македонскиот пазар за продажба на гуми. Нашиот старт е поврзан со словенечката фабрика SAVA од Крањ, која од 1998-та стана дел од концернот GOODYEAR, со што и ТРАНЗИТ од увозник на гумите SAVA, постепено се трансформираше во официјален увозник на сите стоковни марки на GOODYEAR.

Брендови
Традиционално стандардниот и добар квалитет на SAVA, заедно со највисоката технологија во гумарството со која несомнено располага GOODYEAR кој е меѓу водечките во светот, му помогна на ТРАНЗИТ да ја зголеми понудата на автомобилски и на гумите за сите видови моторни возила на македонскиот пазар. Нашиот продажен асортиман опфаќа патнички, полутеретни, теретни и дамперски гуми од следните брендови на групацијата Goodyear: Sava, Fulda, Debica, Dunlop, Goodyear.

За сите Ваши потреби за гуми, прашања или консултации – го очекуваме Вашиот повик!

Контакт информации
Адреса
Улица: Ул. Перо Наков бр.1, (сервис VULCO), 1000 Скопје
Град: Скопје
Држава: Македонија